Колку сме спремни да простуваме?

Спремноста за да им простиме на личностите кои што ни нанеле зло е голем показател колкава е нашата духовна зрелост. Простувањето е чин кој што не ослободува од многу негативни емоции, кои што се штетни единствено за нас, доколку ги задржиме во себе подолг период.Доколку ги анализираме сегашните случувања,како последица на нашите мисли и случки од минатото, ќе можеме да пронајдеме многу скриени емоции во нашето однесување и гледање на работите. Тие емоции не раководат и ни представувааат пречка за постигнување на мир и благосостојба, а со тоа ни е блокирана животната енергија и сите патишта до нашите цели.
На сите ни е познато дека органските болести се последица на нашата психичка состојба. Долго чување на гнев, бес, тага и лутина во себе мора да даде манифестација на нашето физичко тело. За да го избегнеме тој болен процес, мораме да го смениме мислењето и да се ослободиме од ѓубрето, кое што самите сме дозволиле да влезе во нашиот живот.
Минатото не постои и тоа не можеме да го менуваме. Единствено нешто што ни преостанува е да ја креираме својата иднина, онаква каква што ја посакуваме.
За да направиме простор за добрите работи, кои што допрва треба да ни се случат, првенствено мораме да се ослободиме од сето она што ни претставува тежина и што не спречува да чекориме по патот на успехот.
Ако сте моментално во некоја ситуација која што не е поволна за вас, запрашајте се зашто е тоа така и поради кого е тоа така? Единствениот одговор е во вас и во никој друг.
Моќта на промената е во вашата способност да си простите првенствено на себе,па потоа на сите останати личности поради кои мислите дека се причина за вашата несреќна ситуација.
Простете си бидејќи немате партнер, пари, работа, здравје, среќа, мир, љубов. Потоа простете им на личностите кои се најдоа на вашиот пат, кои што ве доведоа до вашата сегашна ситуација. Зарем не го одбравте вие тој пат? Кога ќе го разбереме тој систем на делување на нештата, ќе сватиме дека и тие личности кои што ни наштетиле нам, делувале сосема несвесно, исто како нас. Ако дозволиме некому да не повреди, па потоа се „освестиме“ дека сме повредени, ќе сфатиме дека во моментот кога сме го дозволиле тоа, не сме биле свесни за себе и своите вистински вредности. Пробајте да ја разберете и другата страна, како што ја разбирате вашата.
Доколку продолжите со омразата према таа личност или пак ако се обвинувате себеси,тоа е показател дека се уште не сте свесни колкава вредност има секој момент од вашиот живот.
Трошејќи ги скапоцените моменти на сегашноста, на негативни емоции кои што се произведени од случувањата во минатото кое не постои, си ја ставаме под знак на прашалник нашата иднина.
Многу е едноставно, ставете го од едната страна вашиот живот креиран од емоциите произведени од непростување, а од другата страна вашиот живот кој што е исполнет со мир, среќа и љубов према самите себе и се околу вас, кој живот е вашиот избор?
Простувањето е како подарок, доколку на некого му простите, вашиот подарок ќе биде мир во душата и отворена врата за убавите нешта во животот.
Зарем не е природно да сакаме убав и исполнет живот без омраза и горчина?Колку пати сте помислиле: Ех кога би можел/а да…… Секако дека можете, битно е само навистина да сакате.
Секоја промена започнува од способноста за да простиме и да продолжиме понатаму.
„Ако љубовта е чин на бескрајна прошка, колку љубов имате за себе?“
Пишува: Илина Чичевска-Life coachДоколку ги анализираме сегашните случувања,како последица на нашите мисли и случки од минатото, ќе можеме да пронајдеме многу скриени емоции во наш

Пронајдете не на следниве мрежи: