Колку сте биолошки стари?

Loading...

Таа има 19години, а нејзиниот организам дури 44.
Заборавете на родендените кои сте ги прославувале, научниците тврдат дека староста која вистински се смета е биолошката старост. И затоа измислиле апарат кој за само 20 секунди може да ја измери вашата старост.  Испитувањата се правени на три жени од Велика БританијаГема Кереј има 19 години, а билошки дури 44!
Најмладата, барем по бројот на годините е 19 годишната Гема Кереј. Меѓутоа апаратот наречен “TruеAge”, измерил билошка старост од 44 години. Иако нејзиниот резултат е лош не е изненадувачки со оглед на фактот дека повеќе млади не јадат здрава храна, живеат премногу брзо и не вежбаат.
-Минатата година во месец октомври се преселив кај мојата другарка. Воглавно вечерам помфрит, хамбургер или пржено пилешко. Еднаш неделно јадам во ресторан и нејчесто не вечерам. Покасно во текот на денот јадам интегрална плочка и сендвич со туна-изјавила Гема за „ Daily mail“.
Мелинда Лејн, експерт за компанијата која ги произведува овие апарати за мерење на биолошка старост, изјавила дека Гема е млада и дека има сеуште време да ги промени своите навики. Најважно е да ја исфрли пржената храна и да го намали стресот.

 
Сузан Седон има 45 години
Сузан е билошки стара 57 години, 12 години повеќе од реалната возраст. За ваквиот резултат го обвинува никотинот, затоа што е пушач повеќе од 20 години, како и виното кое обожава да го пие  со вечерата.
-Главниот фактор за биолошката старост на Сузан е тоа што пие и пуши-вели Мелинда
Ванеса Пул има 44 години
Ванеса одлично поминала на тестот, таа е биолошки помлада 3 години од својата вистинска возраст. Меѓутоа потенцира дека порано воопшто не внимавала на здравиот начин на живот.
-Мојот сопруг и јас скоро секоја вечер пиевме по едно шише вино. Тоа беше нашиот начин да се опуштиме од стресниот ден. Работиме 6 дена во неделата и кога доаѓам дома немам сила да направам ништо поразлично од брз оброк.
Меѓутоа, претходнит месец забележала дека таквиот животен стил не и одговара, па го оставила алкохолот и почнала да оди на пливање. Јаде по 3 здрави оброци и се чувствува многу добро.
Тестот тоа го потврдува, а Мелинда вели дека во индина веројатно Ванеса ќе ги намали својот број на биолошки години ако продолжи со здравиот начин на живот.
Колку стари сте вие?!Гема Кереј има 19 години, а билошки дури 44!
Најмладата, барем по бројот на годините е 19 годишната Гема Кереј. Меѓутоа ап

loading...
Loading...