Најмалото живородено бебе во Македонија тежело само 500 грама, а било долго 28 сантиметри. На свет дошло оваа година на Клиниката за гинекологија и акушерство. Од друга страна најголемото дете кое било родено живо во оваа установа имало 5 килограми и 700 грама. Како што јавува Сител, ако недоносеноста е главен фактор за бебиња со помала тежина, надносеноста е една од причините за раѓањето поголеми деца.
-За мали бебиња, освен недоносеноста причина се и нутритивни и циркулаторни фактори кои делуваат преку постелката. Има застој во растот, може и генетски да биде. Тоа се 3 главни фактори. Мора да се потенцира дека мало бебе породено со мала гестациска недела и недоносено се различнми, изјави д-р Владимир Трајковски, гинеколог.
Според податоците од Државниот завод за статистика минатата година во Македонија биле родени вкупно 23.199 деца.
Од нив 197 биле мртбородени бебиња.
Како што јавува Сител, ако недоносеноста е главен фактор за бебиња со помала тежина, надносеноста е една од причините за раѓањето поголеми дец