19 февруари 2016 година е историска дата за Македонците, ден кога и официјално престана да постои државата Македонија според Уставот и волјата изразена на народен референдум. Поништени се институциите, Уставот според кој владетел е граѓанинот, народот на земјава, а неговата волја е неприкосновена.ДРЖАВА СО СУСПЕНДИРАН НАРОД
На 19 февруари македонските медиуми објавија вест дека амбасадорите на САД и ЕУ во Република Македонија ќе им кажат на жителите на оваа држава дали смее или не смее да се одржат вонредни парламентарни избори на 24 април годинава – дата што ја договорија политички и ја озаконија преку Собранието.
19 февруари 2016 година е историска дата за Македонците, ден кога и официјално престана да постои државата Македонија според Уставот и волјата изразена на народен референдум. Поништени се институциите, Уставот според кој владетел е граѓанинот, народот на земјава, а неговата волја е неприкосновена. Македонија сега е колонијална куротресина, а суверениот народ стана раја зашто за изборите суверено и неприкосновено одлучуваат двајца странски амбасадори. Нивната одлука сите релевантни домашни фактори ја очекуваат молкум. Сите политички, интелектуални, институционални фактори молкум прифатија трансформација на Македонија во приватна животинска фарма, што сосема одговара на општествената стратификација која идејно и програмски ја заговараат перјаниците на СДСМ, како и интелектуално-медиумските локални евнуси во служба на интересите на западното царство. Само народот уште мрмори додека ја преживува и оваа најнова траума. Ова е констатација на фактичката состојба. Сега ќе ја поткрепиме со докази.
„Дипломатско“ дивеење
1. Целосно е исполнета ланската молба на проф. д-р Ѓорге Иванов, САД да го исполнат безбедносниот вакуум во Македонија. 2. Исполнето е ветувањето на Барак Обама да ја стави Македонија на линија на огнот. 3. Знаејќи го ова, Никола Груевски како лидер во името на ВМРО-ДПМНЕ се откажа од мандатот добиен на регуларни, фер и демократски избори од мнозинството граѓани со право на глас и преку Пржино, речиси илегално и наспроти јавните ветувања, отиде фактички во опозиција. Најновата македонска криза и дестабилизацијата се должат на незадоволството на западните држави од тврдоглавоста на изборната волја на македонските граѓани последниве десет години. Со отстранувањето на народот од изборниот процес, ќе се овозможи еднаш засекогаш затворање на македонското прашање. Губитникот СДСМ го дели истото становиште само да стигне до пљачка како октроирана власт. Обете заинтересирани страни стануваат партнери во ист потфат со премолчена согласност на албанскиот политички фактор кој, пак, е приватна послуга на Вашингтон. Во Пржино легалната влада дозволи да се легализира превратот и тоа без согласност и наспроти волјата на мнозинството. Kако последица, институциите во разнебитената држава дејствуваат по инерција, глумејќи нормалност. Уставот не само што одамна не е веќе библија, туку не е ни тоалетна хартија. Затоа не е потребен ни Уставен суд. Укинат е правниот поредок по диктат на оние што глумат дека правната држава им е светост. Воведено е паралелно обвинителство, а најавено е и паралелно судство. Извршната власт која по рамковната војна беше принудена да гарантира доживотно владеење на амнестираните за злосторства против човештвото учки, по пржинскиот преврат мораше да прифати и паралелни министри од СДСМ кои имаат право на вето, а легалниот премиер до оставката играше улога на палир или на трговски патник. Ова терористичко дивеење на американската, британската и на европската ,,дипломатија“ во Македонија не го испровоцира макар еднаш шефот на државата да ги напушти формалниот мир и филозофското спокојство. Макар за да остави некоја писмена трага од своето државникување кога веќе не може да го повика на одбрана оти врз Македонија е извршена агресија.
Прекин на лакрдијата
При неможноста да се сменат изборните резултати во полза на СДСМ, измислени се кредибилни избори. За да бидат кредибилни, им требаат строго контролирани и цензурирани медиуми, како и операција за бришење живи луѓе од Избирачкиот список. Но, забораваат дека непристрасно известување не е можно со пристрасно мешање однадвор преку соросоидите и усаидовците. Моделирањето, пак, на Избирачкиот список за премостување на реалното гласачко тело на сличен начин на кој во 2001 во Охрид е дојдено до 20 отсто Албанци, отвора врата и за негирање на изборните резултати и за прогласување неуспешен референдум за името. Остануваат нерасчистени уште неколку дилеми. Kаква е кредибилноста на изборните резултати, која ќе ја даде една октроирана партиска изборна комисија воспоставена од агресорот, во која мониторинг врши некредибилната ОБСЕ, наредби дава странска амбасада, набљудува некредибилната соросоидна партиска организација „Мост“, а гласачи лови и распределува МВР-СДСМ, товари и растоварува контингенти гласачи паралелната министерка Ременски? Дали уметничкиот перформанс на Милчиновите „језуити“ за иселени 400.000 гласачи имаше цел да овозможи бришење на гласачкото тело за толку колку што им недостига на Заев и друштвото за кредибилна победа?
Kакво значење има изјавата на Никола Груевски дека на Македонија ~ требаат мир и стабилност кога со свој потпис завери сценарио за дестабилизација и нејзино државно деградирање? Нели, за да има мир и стабилност, треба да има минимум фактичка функционална држава. Чекајќи ја најавената 10. рунда која ја вети, а не ја оствари, дали не е време да собере храброст и да ја прекине оваа лакрдија? Макар за да ја спаси сопствената кредибилност како политичар. На пример, да стане главниот свиркач и јавно да ги обелодени актерите во изведбата на пучот да ги именува заштитниот чадор, спонзорите на терористите во Дива Населба, креаторите на пржинскиот преврат и така да го мобилизира народот да отиде во опозиција. Радикална ситуација бара радикален одговор. Тој или ќе заврши со регуларен изборен ден и масовно изјаснување во организација на легална држава на 24 април или со масовен отпор и вооружена борба. Тоа се опциите. Можеби Америка ќе сака да учествува во нова тура балкански војни со „бутс он д граунд“ овој пат!? Со една мала напомена: СДСМ нема капацитет да гине како сириска опозиција зашто ќе избега на Халкидик на првиот пукот, а Албанците во улога на необалисти не се непобедливи.
Пишува: Мирка Велиновска за ДневникДРЖАВА СО СУСПЕНДИРАН НАРОД
На 19 февруари македонските медиуми објавија вест дека амбасадорите на САД и ЕУ во Република Македониј