И состојбата здравствена на мојот татко од ден на ден се повеќе се влошуваше. Таблетите за жал не му ги прими организмот. Престана да јаде,не можеше да станува,се чувствуваше многу слаб. Од ден,на ден,се топев гледајќи го така изнемоштен.Го однесовме на хематологија,каде го задржаа. Останав и јас со него. Сакав да бидам покрај него во овие за него ….можеби последни денови… Се измачуваше…Во еден момент ми рече- Олга ти посакувам да имаш долг и среќен живот,знам дека ќе се снајдеш и справиш со секоја ситуација,знам дека те оставам во добри раце,,,за мојот сопруг….леле кога ги кажа овие работи јас излетав надвор,пред хематологија и му немаше крај на моето плачење,на мојата болка,извикував нон стоп…тато не ме оставај,немој,како јас ќе продолжам понатака,како?
Тоа беа најтешките мигови во мојот живот,најтешките.
Едно утро во неговата соба дојдоа студенти испрашувајќи го за болеста,за симптомите.
Еден од нив го праша дали некој од неговата фамилија, дали неговите родители имаа ваква болест?Од татко ми ја криевме болеста,така да јас на една од нив и шепнав дека татко ми не знае за болеста….а потоа ги тргнав надвор во ходникот кажувајќи им дека мојот татко немал родители,дека не знае нити за роднини,дека е дете протерано од граѓанската војна,и повеќе да не го испрашуваат.
А од каде би знаел дали некој од неговата лоза ја имал истата болест? Од каде? Кога тој целиот свој живот го поминал сам,сосема сам,кога тој не знае ништо за родителите…
Таква е судбата на прогонетите,аир да не видат тие кои тоа ни го направија…тие кои не поделија,прогонија…ни оставија белег за цел живот…болка,тага,која ја носиме со себе,и ќе ја носиме се дури сме живи.
За докторската помош имам само пофалби…правеа се да му олеснат на татко ми,да му ги намалат болките…Од ден на ден татко ми тонеше,само спиеше,не можеше да зборува,а јас седев тука,тука покрај него,го гледав…а не можев да му помогнам…
Сама со него,јас неговата ќерка,кој за мене се направи во животот,невозможните работи ги правеше можни…а јас сега не можев да му помогнам.
Во саботата на 12/02/2016 г. ги дочека мајка ми, ќерка ми и сопругот да ги види. Беше пресреќен…поубаво зборуваше,му се врати малку црвенилото на образите…и јас си реков сполајти Боже мојот татко е подобар. Само што си заминаа тој падна во полусвест. На сите сестри и доктори кои доаѓаа им велеше- мојата ќерка има златни раце,таа е мое злато,тато ќе ја награди-…а јас му велев- мил мој татко најголемата награда за мене ќе биде ти да ми оздравиш…но тоа не се случи.
Вечерта во 20 часот заминав од на клиника и утредента во недела дојдов пак. Но само што влегов го видов мојот татко во многу лоша состојба. Докторката ми рече дека е многу тешко….тоа ми го велеа и другите доктори ама јас не сакав да разберам,слушав се ама не сакав да сфатам дека се ближи крајот…
И после два саати борејќи се татко ми почина…Како можеше….како можеше да ме оставиш тато…како сега јас ќе живеам без тебе? кажи ми како? Како сега јас ќе продолжам понатака без тебе?Ми велеше ќе се снајдам,ама како да се снајдам без тебе?
Одеднаш светот ми се сруши…животот за мене нема смисла…радоста нема да е радост без тебе,тато.
ВО ТИЕ МИГОВИ НА ГОЛЕМА ТАГА И БОЛКА,ОДЕДНАШ ОСЕТИВ ГОЛЕМА ОМРАЗА ПРЕМА СИТЕ ГРЦИ…ГОЛЕМ ГНЕВ, ТИЕ СЕ ВИНОВНИЦИТЕ ШТО ТАТКО МИ РАСТЕШЕ САМ,ТИЕ СЕ ВИНОВНИ ЗА НАШАТА ТАГА,НАШАТА БОЛКА, ЗА СВЕ….ГИ МРАЗАМ…
НАМЕСТО ГРОБОТ ДА МУ БИДЕ ВО РОДНОТО МЕСТО, РОДНИНИТЕ ДОНЕСОА ЗЕМЈА ОД РОДНОТО СЕЛО Б,МБОКИ И МУ ЈА СТАВИВМЕ НА ТАТКО МИ ВО ГРОБОТ.
ПРОКЛЕТИ ДА СТЕ КЛЕТИ ГРЦИ,ПРОКЛЕТИ ДА СТЕ
ПОЧИВАЈ ВО МИР МОЈ ТАТКО
ЕДЕН ДЕН ВО РАЈОТ КЕ СЕ СРЕТНИМЕ
Твојата ќерка Олга…те сакамГо однесовме на хематологија,каде го задржаа. Останав и јас со него. Сакав да бидам покрај него во овие за него ….можеби последни денови… Се из