Колумнист на британски „Гардијан“: Сите знаат дека Путин е во право кога станува збор за ситуацијата во Сирија

Рускиот претседател, Владимир Путин, е во право кога вели дека единствен начин за решавање на сириската криза е соработка со владата на претседателот Башар Асад и неговите либански и ирански сојузници, пишува британски „Гардијан“.„Сите знаат дека Путин е во право. Тоа е реална политика. Така диктира прагматизмот. Надворешната политика на Западот веќе долго време е продолжеток на внатрешната политика. Со одредена доза на попување“ – наведе колумнистот Сајмон Џенкинс.
Британските и американските лидери, неделава во ОН се тркаа кој повеќе ќе го оцрни Асад, што му овозможи на Путин да собере уште повеќе адути во својот шпил карти, наведува Џенкинс во текстот.
„Рускиот претседател веќе објави две најважни должности, постигна стабилност и донесе национална гордост. Путин полека станува важен играч на светската сцена. Добро ја процени состојбата во Иран, Индија и Сирија. Путин е сѐ, само не глупав“ – пишува колумнистот.
„Лесно им е на западните демократии кои веќе се развиваат со векови наназад, да им се смеат на несовршеностите на Русија и односот на Путин кон Украина. Но, идејата дека економските санкции ќе го променат ставот на Москва е идиотска“ – наведе тој.
Тој истакна дека Русија го има прифатено фактот дека насилното рушење на Асад од власта кое Британија го најавува веќе четири години наназад, не претставува реалистички пат кон мирот.
Извор: Гардијан„Сите знаат дека Путин е во право. Тоа е реална политика. Така диктира прагматизмот. Надворешната политика на Западот веќе долго време е прод

Пронајдете не на следниве мрежи: