Колумнист на ФТ: Оставката на Меркел би довела до распад на Европската Унија

Додека германската канцеларка се обидува да ја задржи контролата над ситуацијата, останатите членови на нејзината партија признаваат дека во последно време една работа делуваше дека е невозможно да се случи: оставка на Меркел, пишува колумнистот Филип Стивенс на Фајненшл Тајмс.Ако Ангела Меркел биде разрешена од функцијата, Европа ќе се распадне, вели колумнистот на Фајненшл тајмс, Филип Стивенс.
Според него, сегашниот канцелар на Германија е гарант за стабилноста во Европа и без неа „пукнатините ќе почнат да се зголемуваат.“ Ова ќе биде „почеток на крајот“ на Европа, смета аналитичарот.
Стивенс истакна дека тој лично се сретнал со претставници на Христијанско-демократската унија – партијата на која ѝ припаѓа Меркел и сфатил дека нејзината оставка сега изгледа како валидна опција дури и за нив.
Тој додаде дека во Европа дојде до зголемување на националистичките чувства поради бегалската криза.
„Наместо да се обидат да се создадат барем некаков план за акција, германските политичари паничат“, истакна колумнистот.
Според Стивенс, пред почетокот на кризата, греманската канцеларка успеала да „паметно, внимателно, кохерентно“ да ја одржи политиката во Германија и Европа.
Сепак, нејзината одлука да им понуди засолниште на бегалците кои доаѓаат во толкав број, веројатно ѝ нанесоа смртни рани на Меркел.
Според него, Меркел сѐ уште ја задржува контролата над ситуацијата, но „кога политичарите почнат да паничат, сè е можно.“
Тој ја споредува со Маргарет Тачер – поранешен премиер на Велика Британија – од која партијата крена раце, а која до последен момент се сметала за непобедлива.
Според мислењето на Истражувачкиот центар за јавно мислење Форса, рејтингот на Христијанско социјалната унија (ЦСУ) и Христијанско-демократската унија (ЦДУ) паднале на рекордно ниско ниво во последните три години, поради водењето на политиката.
Објавувањето на Дојче Веле порано го привлече вниманието, откако агенцијата укажа на арогантниот однос на германската канцеларка кон мислењето на нејзините европски колеги во однос на кризата со миграцијата.
Колумнистот, сепак на крај нагласи дека е можно да не дојде до вакво сценарио, доколку канцеларката го смени начинот на водење на надворешната политика.
Фото: РојтерсАко Ангела Меркел биде разрешена од функцијата, Европа ќе се распадне, вели колумнистот на

Пронајдете не на следниве мрежи: