Најголем дел од 70.000 разговори пронајдени во компјутерите на осомничените за фалсификување лични карти во фолдерот „СДСМ – Заев“ биле снимки од разговори водени меѓу функционери на ДУИ и од останатите албански партии, неофицијално дознава „Дневник“ од извори од истрагата врз основа на првичните анализи.Од пронајдената конверзацијата на осомничените со други лица, пак, освен дека преговарале со македонски новинар во Србија за објавување на материјалите, било утврдено дека материјалите се продавале.
Најзаинтересирано за овие материјали, според конверзацијата пронајдена кај осомничените, било лице од Kосово, кое било подготвено да плати поголема сума за прислушуваните разговори. Првичните сознанија велат дека најверојатно се работи за поранешен висок офицер во УЧK, пишува „Дневник“.
Јавното обвнителство потврди за снимките Јавното обвинителство – Скопје, пак, вчера ги потврди информациите што неколку дена претходно ги открија извори од истрагата – дека се пронајдени обрасци за фалсификување пасоши, лични карти и швајцарски сметки, но и дека се пронајдени десетици илјади снимки од разговори.
На Основното јавно обвинителство – Скопје, според нивните информации, ќе му требаат најмалку два месеца да ги разгледа и да утврди што се има во материјалите најдени во становите на осомничениот Захир Бекири, каде што беше откриена фабрика за фалсификување лични документи.
– Добиени се и првични известувања од овластените лица за содржината на пронајдените податоци во компјутерите во кои меѓу другото се наведува дека постојат и фајлови на десетици илјади телефонски разговори. За содржината и потеклото на разговорите, поради обемноста на материјалот, ќе биде потребен временски период од најмалку два месеца за да утврдиме, изјави вчера заменикот на основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, јавниот обвинител Јован Цветановски.
Тој информира дека се оформени повеќе предмети во врска со настанот за поодамна публикувани сомненија во медиумите за наводна афера за печатење фалсификувани патни исправи, како и за доставени наводно фалсификувани лични карти од едно лице до Министерството за внатрешни работи. – По предметите интензивно се постапува од страна на повеќе обвинители. Обвинителите кои постапуваат по предметите досега дадоа наредби за преземање истражни дејствија до одделот за организиран криминал при МВР и организациони единици во МВР кои се надлежни за различни видови вештачења. Во текот на истражните дејствија издадени се наредби за вештачење, претреси и разговори со повеќе лица за утврдување на фактичката состојба, рече Цветановски. Обвинителот информира дека при претресот на станови на осомниченото лице З.Б., како и на други лица, пронајдени се голем број обрасци за патни исправи, возачки дозволи, лични карти и други документи за подготовка на невистинита документација.
Повеќе на: Дневник.мкОд пронајдената конверзацијата на осомничените со други лица, пак, освен дека преговарале со македонски новинар во Србија за објавување на материја