Комичарка СО ГОЛИ ГРАДИ излезе на снег: „Ако може Путин, можам и јас!“

Водителката и комичарка Челси Хендлер (39) повторно се обиде да ги прекрши правилата на Инстаграм. Таа повторно објави фотографија на која позира со голи гради и тоа на снег.Го изгубив Чанко во планините – напиша таа покрај фотографијата, мислејќи на кучето.

Фотографијата набрзо е отстранета од Инстаграм, a потоа слична фотографија објави и на Твитер, упорна во тоа да ги покаже своите гради.
Кога минатиот пат беше отстранете нејзина фотографија од Инстаграм, таа со голи гради јаваше коњ, како Путин, а кога фотографијата беше отстранета напиша дека „отстранувањето на фотографии е сексизам“.

– Имам право да покажам дека имам подобро тело од Путин. Ако маж покаже брадавици на фотографија тоа е во ред, а жена не смее? Живееме ли во 1825? Ако Инстаграм уште еднаш тргне моја фотографија, со тоа ми дава до знаење дека има повеќе права одколку што имам јас. Разговарајте со своите шефови – напиша таа тогаш.
Фотографијата и тогаш е отстранета, а таа се закануваше дека ќе го изгаси профилот. Сепак се предомислила и се одлучила да ја користи оваа социјална мрежа и понатаму по самиот раб мна нејзиниот правилник. Го изгубив Чанко во планините – напиша таа покрај фотографијата, мислејќи на кучето.

Пронајдете не на следниве мрежи: