Младиот македонски актер и стенд ап комичар Бојан Велевски е единствениот македонец кој ќе настапи на четвртиот по ред Стенд ап фестивал во Загреб познат како Панч фестивал.
Фестивалот трае три дена, а отварањето е на 1 март. На овој стенд ап фестивал ќе се појават 14 комичари од сите поранешни Југословенски простори. Фестивалот ќе биде отворен толку од нашиот комичар Бојан.
Секој комичар ќе добие по 20 минути, а настапот го следат илјадници посетители и привлекува големо медиумско внимание во Хрватска.
Бојан за своето учество на овој фестивал изјави:
„ Повикот беше очекуван да бидам искрен, но не очекував дека ќе ми ја дадат таа чест да го отворам овој голем настан. На првиот му е секогаш најтешко, бидејќи публиката не е сеуште загреана, но ги издвоив шегите кои најдобро поминаа на мојот претходен настап, и сигурен сум дека ќе ги оправдам зборовите на организаторот за тамошните медиуми, дека “македонецот е проверена варијанта”. Ќе се обратам на српско- хрватски, немам никаков проблем со јазикот.“
По настапот Бојан веднаш се враќа назад, каде ќе ги финализира подготовките за следното негово големо шоу на 9ти Март во Универзална Сала и претставата “Чекајќи го Министерот”, заедно со неговиот колега Ефтим Трајчов.
Нашите читатели ни испратија фотографии од него, како и едно видео кое ќе ве насмее до солзи.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Младиот македонски актер и стенд ап комичар Бојан Велевски е единствениот македонец кој ќе настапи на четвртиот по ред