Горан Николовски – Турчин остана без три прста на раката. Според информациите од докторите, освен палецот и показалецот, другите три прста се изгубени. Комитите раскажуваат дека по инцидентот тој не очајувал, туку само прашал, “како ќе навивам со една рака“.-Експлозивната направа му се распрснала во левата дланка. Во овој момент, останати се само палецот и показалецот, а другите прсти, за жал, се изгубени. На неговото тело имаше и шрапнели од бомбата. Примен е уште еден пациент, но и тој е надвор од животна опасност“, вели за Утрински весник д-р Смиља Туџарова, директорка на Одделот за пластична хирургија на скопските клиники.Во добра здравствена состојба се останатите шест повредени навивачи, како и четворицата полицајци.
„Комитите“ велат дека сакале да го доследат натпреварот до крај и тогаш почнале препирките со полцијата.
-Се создаде силен метеж, се слушна силна експлозија. Десетина секунди не ги чувствуваме деловите од телото, како да лебдевме во воздух, раскажуваат дел од „комитите“ за весникот.
Тие ја потенцираат добрината на нивните „лути ривали, но не и душмани“ – битолските „чкембари“, кои со свои возила ги пренеле повредените во болница, бидејќи на стадионот имало само едно возило на Итната помош.
Навивачката група упатува поддршка за тешко повредениот другар, кој и покрај тоа што е женет и има дете, никогаш не пропуштал натпревар на Вардар.-Дури и по инцидентот, тој не очајуваше, туку само праша ‘како ќе навивам со една рака‘, раскажуваат „комитите“.
Според познавачите, бомбата може да експлодира додека е во воздух, обично и' требаат четири секунди. Грешката што може да се направи кога со неа не ракуваат обучени лица и што полнењето може да се врати кај оној што активирал, во зависност на која страна е свртена бомбата.-Експлозивната направа му се распрснала во левата дланка. Во овој момент, останати се само палецот и показалецот, а другите прсти, за жал, се изгуб