понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Комитите се фотографираат пред кама и пиштол, а не на места каде што гинат патриотите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На интернет утрово се појави фотографија на која командирот на крушевската полиција Благојче Димшоски бакнува кама и револвер, веројатно при посетата на некој музеј.„Се колнам во Бога, во верата и во својата татковина Македонија и Одринско, дека безусловно ќе се покорувам на старешините и без приговор ќе ги извршувам неговите заповеди, дека никому нема да му ги издавам ни со збор, ни со дело работите на Организацијата и сето она што од денес натаму ќе го чујам, видам и разберам по делото. Во противен случај, нека бидам убиен од еден од другарите со револверот или камата што овде ги целивам“ – ова е текстот на заклетвата која во ваков ритуал ја положувале членовите на ВМРО кога станувале дел од Организацијата.
Симболиката на чинот, кој е историски значаен и семакедонски, ги вознемири медиумите под контрола на опозицијата кои и во оваа прилика се обидоа да пронајдат политика и скриени пораки.
За овие медиуми не се прифатливи фотографии на кои се гледа како се колнат патриотите дека ќе ја бранат Македонија, туку се прифатливи фотографии на кои квази-патриоти прават селфи со смешкање на места каде што гинат патриотите.
„Се колнам во Бога, во верата и во својата татковина Македонија и Одринско, дека безусловно ќе се покорувам на старешините и без приговор ќе

Поврзани вести