Компаниите се задоволни од Еразмус плус програмата и се повеќе аплицираат особено во делот за обука на вработените. Со тоа не само што добиваат поквалитетен кадар, туку и ќе ја прошират својата деловна соработка и стануваат поконкурентни на пазарот.-Компаниите се задоволни имајќи предвид дека во Македонија се повеќе човечките ресурси стануваат значаен фактор во фирмите. Задоволни се бидејќи успеале пред се да ја зголемат мрежата на соработка со компании од Европската унија, истакна денеска на прес-конференција директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Дарко Димитров.
Тој најави дека наскоро ќе биде објавен повикот за користење на средства за 2017 година, а Македонија на располагање има вкупно 6,25 милиони евра.
Според Димитров, се повеќе се зголемува бројот на компании кои аплицираат за користење на средства од оваа програма.
– Во 2016 година корисници на Еразмус + програмата се Комората за приватно обезбедување и Стопанската комора за туризам со грантови во вкупен износ од 200 илјади евра. Годинава има и шест приватни деловни субјекти и 10 приватни високообразовни иснтитуции што укажува на фактот дека програмата е атрактивна и интересна за деловните субјекти, рече Димитров.
Сојузот на стопански комори ја гледа програмата „Еразмус +“ како можност за креирање на квалитетен кадар во процесот на формалното и неформалното образование.
– Квалитетниот кадар е предизвик на секоја компанија и неодминлив услов за функционирање на компаниите и за нивното успешно работење и конкурентост на пазарот, рече Александар Зарков, оперативен директор на Сојуз на стопански комори на Македонија.
Од 2015 година во соработка со стопанските комори се вршат обуки за компаниите за можностите што ги нуди оваа програма.-Компаниите се задоволни имајќи предвид дека во Македонија се повеќе човечките ресурси стануваат значаен фактор во фирмите. Задоволни се бидејќи ус