Новиот трговски и бизнис центар Емпорио што се гради во општина Ѓорче Петров нема да биде уште еден во градот, туку со својата специфичност ќе нуди уникатен концепт на услуги и поволности за компаниите и граѓаните.
Што всушност преставува Емпорио и кој се ќе биде дел од него, разговараме со Влатко Богоевски, генерален директор на Фортон Македонија. Фортон е водечката консултантска компанија за недвижнини во Македонија и е дел од холдиногот AG Capital Бугарија и значаен стратешки парнер на Cushman & Wakefield – најголемата приватна консултантска компанија за недвижности во светот.Како резултат на јавно приватно партнерство помеѓу општина Ѓорче Петров и градежната компанија Трансмет ќе биде изграден првиот трговски центар од таква соработка. Што преставува Емпорио?
Влатко Богоевски: Благодарение на соработката помеѓу приватниот и јавниот сектор, во Македонија за прв пат ќе се изгради трговски и бизнис центар кој што, истовремено, ќе биде од голема корист за јавната администрација на општината, за компаниите што ќе бидат дел од молот и бизнис центарот, а ќе носи и голем бенифит за граѓаните од општината. Емпорио со својата вкупна површина од бруто 30 илјади метри квадратни, со шест надземни и две подземни нивоа, со подземен паркинг со капацитет од вкупно 350 паркинг места, ќе биде и најголемиот објект во општина Ѓорче Петров. Околната инфраструктура, атрактивната локација на Емпорио, како и висококвалитетната и енергетски ефикасната фасада на општинската зграда, ќе го направат овој нов центар еден од најсовремените градби во државата. Важно е да се напомене дека во деловниот простор од овој бизнис центар за компаниите ќе се нудат и професионални услуги и логистичка поддршка кои во моментов не се достапни во сличните центри низ Македонија.
Праксата и принципот во работењето на поголемите центри од ваков вид вели дека брендовите ќе имаат можност да изнајмат деловен простор, но не и да купат. Кој од големите брендови веќе има закупено простор во Емпорио и дали очекувате да има побарувачка од големите интернационалн брендови?
Влатко Богоевски: Токму така. Секаде во светот овој тип на големи трговски центри работи само по тој принцип, издавање на деловен простор во согласност со потребите и критериумите на потрошувачите со цел да одговори на нивните потреби и барања. Иако се уште е рано да се откриваат компаниите со закупени деловни површини, сепак задоволство ми е да потврдам дека во овој шопинг центар ќе биде отворен Рамстор маркет, што ќе биде најголемиот маркет во овој дел на градот. Исто така, тука веќе е и ДМ, еден од најголемите синџири дрогерии во Средна и Источна Европа.
Заинтересираноста за издавање на деловен простор е посебно голема кај ИТ компаниите и кол центрите земајќи ги предвид условите што ќе ги нуди Емпорио за овие растечки индустрии, како што се високо ниво на опременост по светски стандарди согласно барањата на овие компании како и дополнителна професионална логистичка помош за подобро функционирање и работење на ваквиот тип бизниси.
Според вашата анализа на пазарот за недвижнини, какви услуги ќе бидат потребни за 2016 година?
Влатко Богоевски: Доколку економските движења во Македонија продолжат да се движат во позитивна насока, очекуваме трендот на зголемена побарувачка на кацелариски простор на пазарот да продолжи . Како што покажуваат претходните анализи, така и според првичните анализи за наредната година, очекуваме ИТ компаниите да бидат најзастапени во изнајмување на деловен простор, заедно со ланците на маркети кои ќе бараат можности за проширување на нивните синџири во општините каде што досега ги нема. Поради придобивките и условите од јавното приватно партнерство помеѓу Трансмет и општина Ѓорче Петров, не ја исклучуваме можноста да се зголеми и побарувањето за изнајмување на деловен простор во новите и атрактивни локации во Емпорио како и во овој дел на градот.
Консултантските услуги за недвижности во Македонија се во подем. Фортон е една од регионалните водечки компании во ова сфера. Кој или подобро – што е Фортон Македонија?
Влатко Богоевски: Фортон Македонија е дел од најголемиот холдинг за недвижност во Бугарија – AG Capital и значаен стратешки парнер на Cushman & Wakefield – најголемата приватна консултантска компанија за недвижности во светот. Фортон Македонија има своја целосна покриеност на комерцијални недвижности во Македонија и е еден од главните учесници на пазарот на комерцијален имот во државата. Преку нашата советодавна улога, строго спроведна по професионални стандарди и методологии од Cushman & Wakefield, по пат на професионални истражувања и анализи нудиме консултации и решенија за сите корпоративни сопственици, инвеститори во бизнисот за недвижнини во Македонија и во регионот.Како резултат на јавно приватно партнерство помеѓу општина Ѓорче Петров и градежната компанија Трансмет ќе биде изграден првиот трговс