Kомпанијата AрцелорМиттал – Скопје корпоративно го одбележа Светскиот ден на безбедноста и на здравјето при работа

Традиционално и оваа година вработените и ангажирани лица од АрцелорМиттал вчера го одбележаа Светскиот ден на безбедноста и на здравјето при работа со голем број настани кои се фокусирани на овогодишната тема „Грижи се “.Светскиот ден на безбедноста и на здравјето при работа претставува еден од најважните датуми во календарот на оваа компанијата, фокусирајќи се на здравјето и на безбедноста на работното место, што е приоритет број еден во АрцелорМиттал.
Оваа година приоритет беа теми за заштита при работа, како што се проценка на ризик, златните правила за безбедност и здравје, ревизија во погон за безбедност, детална анализа на блиските промашувања од сериозно значење. Беше најавена и тренинг програмата за безбедност која што ќе следи во наредните месеци и се состои од 5 дена континуирано предавање за безбедност на сите вработени.
Арцелор Миттал го одбележа Денот за здравје и безбедност со  организирање на повеќе активности од полето на безбедноста и здравјето,  во траење од една недела. Стремејќи се кон подигнување на свеста за важноста на здравјето и на безбедноста, вработените се вклучија во различни активности, како спортски активности, предавања за здравје и безбедност, организирана крводарителска акција во соработка со Црвен Крст и уште голем број други активности.
За време на настанот свој говор одржаа Генералниот директор – г. Волфганг Марингер, менаџерот за безбедност, здравје и екологија – г-ѓа Валерија Миланова, како и градоначалникот на Општина Гази Баба – г.Тони Трајковски.
Арцелор Миттал Скопје има јасна цел и визија, достигнување на 0 повреди. Токму поради тоа активностите за поголема безбедност при работа продолжуваат континуирано да се спроведуваат и во иднина.Светскиот ден на безбедноста и на здравјето при работа претставува еден од најважните датуми во календарот на оваа компанијата, фокусирај

Пронајдете не на следниве мрежи: