Пробајте го ова едноставно и вкусно јадење со компир и ќе бидете воодушевени.Потребни состојки:
– 8 – 10 средни компири
– 16 – 20 парчиња сланина
За сос:
– 25 гр путер
– 1 лажичка брашно
– ¼ л, супа од коцка
– 100 гр павлака
– сол, бибер, сок од половина лимон
Начин на подготовка:
– Компирите измијте ги и сварете ги со лушпата. Нека се изладат па потоа излупете ги.
– Завиткајте ги во сланина
– Ставете во рерна на 200 степени и печете 10 минути.
За тоа време подгответе го сосот.:
– Загрејте го путерот, додадете брашно, водата со коцка супа и сето тоа добро нека проврие.
Тргнете од оган, додадете павлака, сол, бибер и сок од лимон.
Сосот истурете го преку компирите и оставете во рерна уште 10-15 минути. На готовото јадење наросете го со свежо исецкан магдонос или босилек.
Пријатно јадење!Потребни состојки:
– 8 – 10 средни компири
– 16 – 20 парчиња сланина
За сос: