Вчера /12.02.2015 година, четврток/ се одржа продолжението на редовната седница на Извршниот Одбор на Кугларската федерација на Македонија, на која се расправаше по Извештајот на Регистрационата комисија за мини преодниот рок, приговорите во однос на дел од одлуките, како и за барањето на КК “Макпетрол” за прекршување на договорот од страна на играчот Бојан Влакевски.По однос на Извештајот на Регистрационата комисија за мини преодниот рок, истиот беше усвоен, каде по однос на двете барања, каде комисијата го прифати трансферот на Младен Младенов од КК “Империјал тобако” во КК “Вардар 2014” врз основа на уредна документација и исписница од клубот.
Во однос на второто барање, Регистрационата комисија не го прифати барањето за трансфер на играчот Димитар Димов од КК “Макпетрол” во КК “ГТЦ” поради недобивање на исписница од матичниот клуб, врз основа на член 13 од Правилникот на КФМ.
По однос на втората одлука, играчот и КК “ГТЦ” поднесоа жалба до Извршниот Одбор на Кугларската федерација на Македонија, кои на седницата расправаа по истата на транспарентен начин, во присуство на сите инволвирани страни во случајот. По долга расправа и сослушување на аргументите на сите инволвирани страни, Извршниот Одбор на Кугларската федерација на Македонија, согласно член 13 од Правилникот на КФМ ја прифати жалбата на играчот и со тоа истиот е слободен играч со право за настап во вториот дел од првенството.
Во однос на поднесената преставка на КК “Макпетрол” во однос на настапот на играчот Бојан Влакевски за друг тим додека е обврзан со договор, Извршниот Одбор на Кугларската федерација на Македонија донесе одлука, дека согласно член 13 од Правилникот на КФМ, Влакевски нема право на настап за друг клуб.
Со овие одлуки е комплетиран мини преодниот рок на Македонската кугларска лига за сезона 2014/2015 година.По однос на Извештајот на Регистрационата комисија за мини преодниот рок, истиот беше усвоен, каде по однос на двете барања, каде комисијата го при