Тинејџер од Романија признал дека ја задавил својата 16 годишна девојка , глумејќи дека и подарува ланче. Тој всушност ја усмртил со кабел стегајќи ја околку вратот…Едуард Перју (16) бил во врска со својата соученичка Елена Диана Гугулица околу година дена и многумина им завидувале на нивниот изглед а и среќа.
Меѓутоа во последните неколку недели започнале проблемите откако Едуард ја обвинил својата девојка дека таа планира да го остави.
Одлучил тоа да не се случи а како што и признал и на полицијата ја намамил да дојде во паркот кажувајќи и дека има подарок за неа.
Според пишувањето на локалните медиуми, кога таа се појавила, ја бакнал и и рекол дека ја сака и ја замолил да се сврти кажувајќи и дека има изненадување за неа.
Таа мислела дека е во прашање ланче кое ќе го стави околу нејзиниoт врат но наместо тоа тој земал кабел и ја удавил.
Телото на девојчето го пронашла жена која се шетала низ паркот и која ја повикала полицијата набргу откако ја открила починатата.
Интересно е тоа што соседите, кои се сите во шок кажуваат дека неколку дена откако поминало злосторството до моментот додека е лишен од својата слобода, момчето се однесувало сосема нормално, дури било и весело.Едуард Перју (16) бил во врска со својата соученичка Елена Диана Гугулица околу година дена и многумина им завидувале на нивниот изглед а и среќа.