Предлог законот за слободните здравствени зони е веќе усвоен на Влада и влезен во собраниска процедура. Станува збор за концепт за привлекување на странски капитал во слободните здравствените зони со што ќе овозможи развој на здравствениот туризам. Инвеститорите покрај тоа што во зоните ќе можат градат болници, ќе имаат можности и да пружаат услуги на комплементарна и алтернативна медицина и на бањско-климатско лекување со сместување и физикална медицина и рехабилитација.Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров кој посочи дека концептот за слободни здравствени зони веќе е развиен во Дубаи, Турција, Јужна Кореја и се покажал како доста успешен.
-Корисникот на зоната може да склучи со ФЗОМ договор за давање на здравствени услуги на бањско-климатско лекување, со сместување и физикална медицина и рехабилитација, а со Министерството за труд и социјална политика договор за упатување на пензионираните лица на бањско-климатско лекување, со сместување и физикална медицина и рехабилитација, согласно програмата за бањско климатска рекреација на корисниците на пензија, потенцираше министерот.
Додаде дека значајно е што корисникот на зоната ќе има обврска да воведе посебни програми за бањско-климатско лекување со сместување и физикална медицина и рехабилитација, а особено за деца или за болни од церебрална парализа или за болни од цистична фиброза.
–Во однос на даночните ослободувања, во делот на бањско-климатско лекување ќе важат даночните ослободувања за персонален данок, данок на добивка, под истите услови како и за инвеститорите кои ќе основаат здравствени установи – болници. Додека во делот на медицинска опрема и материјал за градење овие инвеститори ќе бидат ослободени од данок на додадена вредност и царина, рече Тодоров.
Бањско-климатското лекување ќе можат да го користат и македонските и странските државјани, а доколку корисникот на зоната склучи договор со Фондот, тогаш македонските пациенти ќе можат со упат да користат бањско-климатско лекување како продолжено болничко лекување.
Здравствените услуги на болниците во зоната покрај странските државјани ќе можат да ги користат и македонските. Доколку болниците од зоната имаат склучено договор со ФЗОМ тогаш услугите нема да се наплаќаат, а доколку нема договор македонските пациенти ќе плаќаат за 30% поскапо од здравствените услуги на приватните здравствени установи во Република Македонија.
-Сите овие бенефити се само дел од овој комплексен и значаен концепт, на кој досега работевме за да го развиеме теоретски, а потоа и практично ќе го развиеме со формирањето на слободната здравствена зона во Македонија. Покрај странските искуства, за доразвивање и доусовршување на овој концепт отворени сме за сугестии, предлози и забелешки и од стручната и пошироката јавност, истакна Тодоров.Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров кој посочи дека концептот за слободни здравствени зони веќе е развиен во Дубаи, Турци