Концептот на Владата на СДС е да укине и да стопира сè што е направено од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ,  Драган Данев на денешата седница на Собранието истакна дека веќе 20 дена функционира Владата на СДС и таа функционира на начин на кој единствено укинува се што ВМРО-ДПМНЕ овие десет години го направи за граѓаните.-Некој да го убедуваше македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија дека ќе се стопира изградбата на двата автопати од Миладиновиц – Штип и Кичево – Охрид ретко кој граѓанин во тоа веруваше. Во однос на персоналниот состав на вашиот предлог за заменици министри веќе видено и граѓаните на Република Македонија реагираат и констатираат дека тоа се апслутно апсорбирани ликови кои што треба да бидат нови заменици министри , истакна Данев.
Тој додаде дека наместо да се дебатира за се и сешто само не за проблемите на граѓаните.
-Наместо да се решаваат овие дваесетина дена реални и конкретни проблеми на земјоделците во Росоман, на граѓаните во Струга и струшко на граѓаните во Порој ние отвораме дебати за се и сешто. Јас од оваа говорница ќе кажам и веќе реков дебати да, но дебати само заради дебати не, од дебати не се живее – се живее од конкретни проекти и од конкретни дела кои што го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните на Република Македонија, додаде Данев.
Истака дека кандидатот заменик министер за економија бил ангажиран во деведесетите години во Агенцијата за приватизација која што остави на улица  голем број на граѓани.
 
-Некој да го убедуваше македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија дека ќе се стопира изградбата на двата автопати од Миладиновиц &ndash

Пронајдете не на следниве мрежи: