Концерт на Леб и сол и оркестарот на Камерната опера во Благоевград

Во рамки на прославата на Европскиот ден на соработка оваа година на 10-ти септември 2016 година (сабота) на градскиот плоштад во прекрасниот туристички центар, градот Банско, Р. Бугарија од 20 часот ке се случи еден неповторлив настан.Под мотото „Заедничките граници не прават поблиски“ на отворена сцена најпознатата македонска група „Леб и сол” заедно со оркестарот на Камерната опера од Благоевград формиранa во 1972 година на присутните ке им го претстават проектот на кој работат во моментов, „Леб и сол Symphony”.
„Леб и сол Symphony” претставува заедничка уметничка креација на членовите на култната македонска музичка група составена од Бодан Арсовски – бас, Кокан Димушевски – клавијатури, Димитар Божиков – гитара и Михаил Парушев- тапани со оркестарот при Камерната опера од Благоевград, под диригентската палка на Саша Николовски – Ѓумар.
Концертот ќе ги обедини класичниот и популарниот музички израз и преку звукот на класичниот оркестар, на публиката ќе и биде понудено најдоброто од 40-годишниот репертоар на “Леб и сол” кој е исполнет со прекрасни нумери како што се Деветка, Бистра вода, Учи ме мајко карај ме, Јовано Јованке.
Настанот е во организација на Interreg – IPA Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија и е дел од чествувањето на Европскиот ден на соработка кој се прославува во цела Европа веќе 5-та година по ред со цел одбележување на достигнувањата на територијалната соработка помеѓу државите.Под мотото „Заедничките граници не прават поблиски“ на отворена сцена најпознатата македонска група „Леб и сол” заедно со о

Пронајдете не на следниве мрежи: