четврток, 12 ноември 2026
Најново

Концерт на Северина на 13 април во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 Бајка во четири чина раскажана низ хитовите на Северина, шоу кое не смеете да го пропуштите, на 13- ти април, во арената „Борис Трајковски“, најавуваат организаторите.Емоции и добри песни ветуваат од тимот на Северина, а концертот е замислен како продолжување на “бајката од студиото“ и е концептиран како контраст помеѓу доброто и злото, светлината и темнината.Северина веќе работи на пробите за концертот во Љубљана и Риека и нестрпливо го чека датумот за дружење со македонската публика која и оставила силен впечаток на претходниот концерт.Публиката на овој концерт ќе присуствува и на претстава и на концерт, спој од повеќе вида на уметности преку кои Северина ќе ви овозможи незаборавни мигови.Туристиччата агенција „Гуливер“ со секоја купена влезница за нејзиниот концерт ви го подарува и новиот албум „Добродошао у клуб“.Билетите се веќе пуштени во продажба во продажните места: Т.А. „Гуливер“, „Југотон“-ГТЦ, „Камарад“-Рамстор, Цвеќара „Розе“ – Веро2, Куглана – С.Ц. „Борис Трајковски“ и „Тобако шоп“ – Сити Мол.
Макфакс Бајка во четири чина раскажана низ хитовите на Северина, шоу кое не смеете да го пропуштите, на 13- ти апр

Поврзани вести