Ансамблот на народни игри и песни на Македонија „Танец“ вечер во рамки на „Скопско лето“ ќе изведе вокално-инструментален концерт на плоштадот „Карпошово востание“.– Ансамблот „Танец“ е симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Веќе шест децении „Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на македонското материјално и нематеријално културно наследство, соопшти „Скопско лето“ најавувајќи го вечерашниот концерт.
Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец” е официјано формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на неговото формирање била потребата од институција која ќе го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолклор.– Ансамблот „Танец“ е симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебичн