Концерт во чест на Ѓумар

Македонската филхармонија на 2 февруари во Домот на АРМ ќе одржи симфониски концерт „Поезија и драма“, кој ќе биде посветен на прерано починатиот, еден од најистакнатите македонски музички уметници, диригентот Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017).
 Концертот, како што информира Македонската филхармонија, ќе донесе комплексна музика и врвна изведба. Под диригентската палка на маестро Емил Табаков од Бугарија, оркестарот ќе ги изведе Увертирата од операта „Танхојзер“ и Прелудиум и смрт од „Тристан и Изолда“ од германскиот композитор Рихард Вагнер.
 
Солист на концертот ќе биде еден од најистакнатите млади македонски пијанисти Дино Имери, кој ќе ги изведе познатите „Фантазија на унгарски фолклорни теми“ и „Танц на смртта“, од унгарскиот пијанист и композитор Франц Лист.
Дино Имери (1990) се смета за еден од најреномираните македонски пијанисти на новата генерација класични музичари. Своето образование го стекнува работејќи со проф. Људмила Романова и проф. Борис Романов, во чија класа и дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје со Cum Laude, како и со проф. Симон Трпчески, во чија класа магистрира на само 22-годишна возраст со просек 10 и со почести Cum Laude.
Во својата досегашна дејност, Имери остварил многубројни настапи во Македонија, но и во странство: Загреб, со Стразбуршкиот филхармониски оркестар, со Софискиот филхармониски оркестар, на фестивали во Цавтат, Франција, Приштина, Австрија… Дино Имери е вбројан во 10-те најдобри европски пијанисти според ранг-листата на Третиот европски пијано натпревар одржан во Нормандија, Франција, а еднакво успешен во својата родна земја. Во 2013 година се здобива со највисокото домашно признание за класична музика – наградата „Виртуози“ во категоријата „Млад музички уметник“. Во 2015 го добива признанието „Лауреат на фондацијата Томислав Зографски“, доделена од истоимената фондација за промоција на македонските композитори во земјата и во странство.
Во 2010 година, Дино Имери потпиша двегодишен договор со Европската пијано програма – проект што му ги отвори интернационалните сцени во Франција, Австрија, Полска… Во 2013 го издаде своето прво ДВД-издание со музика од Хајдн, Бетовен, Лист и Брамс, во соработка со „Фејмс“ оркестарот за снимање филмска музика. Во 2015 година бележи големи меѓународни успеси, меѓу кои и неговото деби со Софискиот филхармониски оркестар што резултира со покана за настап повторно со истиот оркестар истата година. Во 2015 година Имери првпат настапува со Македонската опера и балет во балетската претстава „Огнени градини“ под диригентство на Јозеп Вицент и Бисера Чадловска, а во кореографија на Џејмс Амар. Редовно одржува рецитали, а е активен и во камерната музика настапувајќи со разновидни камерни ансамбли.Концертот, како што информира Македонската филхармонија, ќе донесе комплексна музика и врвна изведба. Под диригентската палка на маестро Емил

Пронајдете не на следниве мрежи: