На 4-ти јуни со почеток од 21 часот во Сикстинската Капела во Савона, во рамките на Меѓународниот фестивал за музика на Савона, ќе се одржи концерт посветен на 25-годишнината на независноста на Република Македонија. Потоа ќе биде репризиран во Трст, во Палатата Гопчевич, Сала “Боби Базлен”, при Градскиот Музеј Карло Шмидл на 9-ти јуни.Концертите се поддржани од Министерството за Култура на Република Македонија, во рамките на Националната програма за меѓународна соработка за 2016, а Благој Нацоски, како Амбасадор на Културата на Македонија во Италија е иницијатор, промотор и коорганизатор на овие настани. Ќе настапат исклучиво италијански музичари и пејачи кои ќе пејат на македонски јазик, и тоа делото “Седум песни од светлина и прав” компонирано од италијанскиот композитор Анџело Инглезе, на поезии од Никола Маџиров.
На концертот ќе настапат Луиџи Скифано (контратенор), Рафаеле Фео (тенор), Елена Бакјарело (кларинет), Константин Чобану (виолина), Џакомо Бјаџи (виолончело) и Џанлука Аскери (пијано). Како организатори на настаните се “Ensemble Musiche Nuove” од Савона и “Amici della Lirica G. Viozzi” од Трст.
-Овојпат се одлучив да не бидам дел од изведувачите на овие концерти туку да се посветам комплетно на нивната промоција и реализација. Го избрав делото “Седум песни од светлина и прав” бидејќи е еден совршен спој на македонска поезија и италијанска современа композиција, односно врвноста на Никола во неговите стихови и генијалоста на Анџело кој успеа да внесе и примеси од македонскиот ритам во оваа композиција која трае 35 минути и ќе го завземе главниот дел на концертот. Втората причина е што при праизведбата преклани делото имаше прекрасен прием кај публиката и никако не смее да биде заборавено, напротив, се надевам дека наскоро ќе ја доживее и својата македонска премиера. Се радувам што моите италијански колеги ќе пејат на македонски јазик. Се обидувам истиот концерт наесен да биде репризиран и во други италијански градови. Инаку јас од оваа година сум и Амбасадор на UNEDUCH за Македонија така што и оваа организација е покровител на настаните, вели Нацоски.
Нацоски штотуку ги заврши претставите во Театарот Сан Карло во Неапол, каде ја изведе операта “Зенобија во Палмира” од Џовани Паизиело, изведена за првпат по 220 години. По концертите во Савона и Трст, како Амбасадор на културата на Република Македонија, Благој Нацоски ќе одржи говор во Салата Алдо Моро,во италијанскиот Парламент во Рим, на тема „Имиграција и култура“.
Концертите се поддржани од Министерството за Култура на Република Македонија, во рамките на Националната програма за меѓународна соработка за 2016,