Кончита Вурст стана бренд

На пазарот се појави салама со ликот на австриската евровизиска победничка. Се состои од телешко и свинско месо и цената и е 1,50 евра за 100 грама.Досетливите трговци решија да си поиграат малку со ликот и името на австриската победничка на Евровизија, Кончита Вурст.
Веќе ни е познато дека Вурст (Wurst) на германски значи колбас. Луѓето од месната индустрија решија оваа асоцијација да биде новиот бренд за едната од нивните салами.
Саламата се состои од телешко и свинско месо, кои се наместени така да го отцртуваат ликот на австриската брадеста пејачка Кончита Вурст.
Наспроти ова, социјалните мрежи вчера беа преплавени од руски корисници кои во знак на протест против Кончита се фотографираа како ги бричат своите бради.Досетливите трговци решија да си поиграат малку со ликот и името на австриската победничка на Евровизија, Кончита Вурст.

Пронајдете не на следниве мрежи: