Не стивнуваат реакциите и демантирањата на лагите искажани од Слободан Богоевски, поранешниот прв разузнувач, во интервјуто дадено за Телма. Откако со факти неговите искази ги демантираа од Љубчо Георгиевски, преку Мане Јаковлевски, до Илија Димовски и други, денеска со реакција до ТВ Телма се јавил и Манолис Малелис, близок соработник на грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас, пренесува Република.Имено, Богоевски во интервјуто за Телма го посочи токму Кондоминас за инволвиран во изборот на Никола Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со договорот од ОКТА, но и за негова вмешаност во тајни преговори во разговорите за името на државата.
Изјавите на поранешниот прв разузнавач Слободан Богоевски се невистинити и нереални, одговорил Манолис Малелис поранешен раководител на ОКТА и близок соработник на грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас за телевизијата Телма, а во врска со тезите на Богоевски во интервјуто објавено на Телма.
Наместо посочениот Кондоминас, за телевизијата одговорил Манолис Малелис, кој е консултант во групацијата „ДЕМКО“ на Кондоминас. Тој за изјавите на Богоевски оценува дека „немаат никаква врска со реалноста.
-Тврдењата кои ги слушнавме за Кондоминас се невистинити и нереални. Не постоеше никаква инволвираност на Кондоминас и не би можела да постои вмешаност во некое внатрешно прашање кое се однесува на БЈРМ и нејзината влада – изјавува Малелис.
Малелис ги демантира и изјавите дека грчкиот бизнисмен профитирал од договорота за ОКТА и тврди дека Кондоминас не е поврзан со оваа зделка, објави Ребулика.
-Сакам со сигурност да потенцирам дека Кондоминас никогаш не беше вмешан во случајот со ОКТА. Ниту временски гледано тогаш тој немаше никакви инвестиции во регионот на БЈРМ и потенцирам дека сите овие тврдења за невистинити и нереални- додава Малелис.
Како невистинити ги оценува и тврдењата за тајни преговори меѓу Македонија и Грција , потенцирајќи дека во Македонија бил присутен само со бизнис активности. Додава дека никогаш не бил вклучен во тајни преговори за името, иако го познава поранешниот директор на Управата за безбедност и контразузнавање, Сашо Мијалков, но додава дека исто така познава и лица од СДСМ, што „не значи ништо повеќе од пријателско познанство“ .
За потсетување, по емитување на интервјуто, Љубчо Георгиевски за јавноста оцени дека Слободан Богоевски е дека е еден од најмрачните ликови на севкупната македонска транзиција и дека не заслужува ништо друго освен да бидат игнорирани од времето.
-Што се однесува сега малку на делот за Кондоминас. Сакам да ја потсетам македонската јавноста на неколку работи дека ако некој му е познаник, да не речам пријател на Кондоминас тоа е господинот Слободан Богоевски и ,според моја информација, нивното познанство датира од времето кога министер беше Фрчковски и онаа фамозна приказна за доаѓањето на некој грчки генерал кој го криеле овде во Македонија, а за тоа наплатиле пари- посочува Георгиевски.
Мане Јаковлевски, кој е и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и еден од жртвите на УДБА кој бил следен и прислушуван поради неговата желба за слободна и независна Македонија со факти и документи ги демантираше тврдењата на поранешниот раководител на Службата за државна безбедност Слободан Богоевски кој во интервјуто изјави дека никогаш не дал наредба за следење на лица кои се бореле за македонската кауза. Веднаш по интервјуто на Богоевски, Јаковлевски објави документ од неговото досие кое го водело УДБА каде јасно се гледа дека Богоевски дал наредба за негово прислушување. Во наредбата како причина за прислушувањето се наведува дека Јаковлевски е осомничен за тероризам.
Илија Димовски со документи и факти ги побива тврдењата на Слободан Богоевски кој е лице осудено за криминал тежок стотици илјади евра.
Во своето вчерашно гостување на Топ Тема, Богоевски рече дека Димовски само замислува дека бил следен. Димовски одговори со докумени и со аргументи:
– Ако баба лаже, трап не лаже! Еве дел од документација на ДБК – Велес од 05.06.1997 година (кога сум имал 16 години) од кои јасно се гледа дека моето тврдење дека сум следен е точно. Во еден дел во документот каде што стои и моето име пишува: “Оваа група беше предводена од најекстремните припадници на ова партија, ОПФАТЕНИ И СО МЕРКИ И АКТИВНОСТИ НА ДБК по оваа линија на работа, меѓу кои беа…. Димовски Илија и други лица”, напиша Димовски на својот Фејсбук профил, пренесува Република.
Имено, Богоевски во интервјуто за Телма го посочи токму Кондоминас за инволвиран во изборот на Никола Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а во врска