Откако е извлечено и последното тело од урнатините во Мексико Сити, по земјотресот со интензитет од 7,1 степен, според, Рихтеровата скала, биланост на жртви достигна до 369.Последната жртва, од земјотресот што се случи на 19 септември, беше пронајдена во урнатините од зграда во центарот на Мексико Сити.
Заменик-секретарот за човекови права во Министерството за внатрешни работи на Мексико, Роберто Кампа, објави на неговиот Твитер налог дека на тоа место се пронајдени 49 тела.
Градоначалникот на Мексико, Мигел Анхел Мансер изјави дека повеќе нема исчезнати лица, како и дека сите тела се идентификувани.
Последната жртва, од земјотресот што се случи на 19 септември, беше пронајдена во урнатините од зграда во центарот на Мексико Сити.