Конечно е откриена тајната на ѕидовите во Ангкор Ват

Древниот комплекс храмови Ангкор Ват во Камбоџа и понатаму не престанува да фасцинира. На ѕидовите во овие храмови од дванаесеттиот век, откриени се слики кои не можат да се видат со голо око.Суптилните траги од боја по ѕидовите ги забележа Ноел Идалго Тан, од Националниот универзитет во Канбера, кој се занимава со истражување на цртежи по карпи и пештери.
Многу од цртежите би можеле да бидат графити кои се оставени од луѓе кои оделе на аџилак, но подеталните слики би можеле да бидат остатоци од претходни реконструкции на храмовите во 16 век, смета Тан.
Во 2010 година, Тан бил на експедиција во Ангкор Ват и тогаш забележал траги од црвен пигмент по ѕидовите. Тој направил неколку фотографии и одлучил дигитално да ги зголеми.
„Не бев свесен дека сликите ќе бидат толку детални, навистина се изненадив“, рече Тан.

Дигитално зголемените слики прикажуваат слонови, лавови, мајмунско хинду божество Хануман, чамци и згради, можеби дури и прикази на самиот Ангкор Ват.
Тан во 2012 година се вратил во Камбоџа, каде што спровел посложено истражување со колегите од Одделот за заштита и управување со Ангкор Ват.
Во една просторија во централната кула Бакан е насликан цел музички ансамбл со инструменти, како што се гонг, ксилофон, дувачки инструменти.
На друга слика во истата просторија се гледаат луѓе што јаваат коњи, а околу нив се наоѓаат кули.
„Многу видливи слики на ѕидовите претходно беа прогласени за графити и јас се сложувам со тоа, но постои друг сет слики кои се толку комплексни и детални. Тешко дека тие можат да бидат графити. Затоа сметам дека тие претставуваат обид за декорација на ѕидовите“, рече Тан.
Тан смета дека откриените слики настанале во 16 век, за време на владеењето на кралот Анг Чан Први, кој се обиде да направи реконструкција на Ангкор Ват во периодот помеѓу 1528 и 1566 година.
Суптилните траги од боја по ѕидовите ги забележа Ноел Идалго Тан, од Националниот универзитет во Канбера, кој се занимава со истражување на цртежи

Пронајдете не на следниве мрежи: