Конечно е откриено поради што се истребени мамутите?!

Оние кои веруваат во теоријата за удар на астероид од пред 12.800 години, тврдат дека мамутите исчезнале поради последици од пад на вонземјанско тело на тлото на Земјата.Идејата дека праисториската Северна Америка пред 12.800 години ја погоди астероид и дека во таа прилика ги истребил мамутите, повторно е оспорена од страна на експертите.
Луѓето кои ја поддржуваат оваа теорија тврдат дека постојат 29 локации помеѓу Северна Америка и Европа, кои содржат тенок слој седимент, кој датира уште од периодот од падот на астероидот. Тие сметаат дека ударот од комета или астероид сигурно би оставил подлабока трага во геолошката историја, но не постојат докази за тоа.

 
Дејвид Мерцел, кој е археолог од Универзитетот во Далас, заедно со својот тим ја анализираа постоечката литература за овие 29 места и ја проверувале точноста на теоријата дека се стари 12.800 години. Глечерот во Алберта според описот е стар 13.000 години, но таа старост му е припишана врз основа на сличните особини со глечерот кој е оддалечен 2.600 километри од него, а настанал од друга ледена површина.
Сите други анализи докажале дека нешто симултано се случило на сите 29 локации пред 12.800 години. Но, засега нема докази ни причини за целосно прифаќање на теоријата за ударот.
Идејата дека праисториската Северна Америка пред 12.800 години ја погоди астероид и дека во таа прилика ги истребил мамутите, повторно е оспорена о

Пронајдете не на следниве мрежи: