По разочарувачката недела откако тимот на Арсенал беше елиминиран од ФА Купот, па доживеа голем пораз од екипата на Баерн од Минхен во рамките од 1/8 од Лигата на Шампионите, управата на клубот денес ќе одржи состанок на кој, како што вели Венгер, се надева дека ќе бидат усвоени неговите барања за наредниот преоден рок.
Челниците на Арсенал видно разочарани од поразот од Баерн Минхен во Лигата на Шампионите, за денес закажаа состанок на Управниот Одбор на кој ќе се расправа за наредните чекори кои би ги направил Арсенал.
Сигурно дека Арсен Венгер ќе добие поддршка од челниците на клубот и целото раководство, кое дефинитивно е покрај овој одличен тренер и покрај лошите резултати.
Големите промени што се случија во Англискиот фудбал го доведоа во прашање понатамошниот начин на работа на екипата на Арсенал, тим кој на некој начин произведе многу фудбалски ѕвезди, но клубот имаше финансиска добивка од сето тоа, и тоа огромна, од друга страна, Арсенал последниот трофеј го освои дури во 2005-тата година.
Алармот е вклучен, според информациите кои ги пренесуваат англиските медиуми, се вели дека Венгер очекува финансиска поддршка од клубот за наредниот трансфер преоден рок во висина од 70 милиони фунти, солидна сума која би можела да донесе и тоа какви квалитетни фудбалери кои ќе гарантираат добри резултати.
Се шпекулира дека Венгер веднаш би тргнал во ангажман на Реина или Валдез, исто така се вели дека французинот е сериозно заинтересиран да во своите редови го доведе и фудбалерот на Торино, Анџел Огбона, младиот дефанзивец која ја импресионираше цела Европа.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.По разочарувачката недела откако тимот на Арсенал беше елиминиран од ФА Купот, па доживеа голем пораз од екипата на Ба