Научниците конечно објаснија зошто некои луѓе пушат до длабока старост, а белите дробови им остануваат здрави. Тие велат дека мутациите во ДНК ја подобруваат функцијата на белите дробови кај некои луѓе и ги штитат од последиците од пушењето, кои можат да бидат смртоносни, соопштил британскиот Совет за медицински истражувања.Потполното одрекување од пушењето , меѓутоа, и понатаму е побезбедна опција од вложувањето надеж во „среќните“ гени, објаснуваат научниците.
Тие сакале да утврдат зошто некои пушачи никогаш не заболуваат од болести на белите дробови, додека други – иако никогаш не испушиле ниту една цигара- развиваат заболувања на белите дробови кои им го загрозуваат животот.
Научниците следеле 50.000 луѓе, при што посебно обратиле внимание на хронично опструктивната болест на белите дробови (ХОББД), од која во Британија боледуваат три милиони луѓе.
При таа прилика откриле сегменти од нашата ДНК кои го намалуваат ризикот од ХОББД, што занчи дека некои луѓе се изложени на помал ризик од болести на белите дробови.
Ова, меѓутоа, не значи дека овие гени штитат од болести на срцето и рак, бидејќи студијата не се занимавала со овие болести. И покрај тоа, новите сознанија пружаат можност за развој на новите лекарства.
Професорот Мартин Тобин, од Универзитетот во Лестер, вели дека резултатите од студиите обезбедуваат „фантастични нови сознанија за начинот на кој телото функционира“ и дека таа „веројатно ќе доведе до навистина возбудливи достигнувања во развојот на лекарствата“.Потполното одрекување од пушењето , меѓутоа, и понатаму е побезбедна опција од вложувањето надеж во „среќните“ гени, објаснуваат научни



