КОНЕЧНО ОТКРИЕНО: Еве колку морковот го подобрува нашиот вид!

Кога бевме мали постојано ни зборуваа дека треба да јадеме морков за подобро да гледаме. Кај некои тоа помина, и го прифатија, но некои и до ден денес јадат морков иако не им се допаѓа само затоа што мислат дека ќе имаат подобар вид.Доколку јадеме многу морков ќе гледаме подобро? Дали тоа е мит или вистина? Вистина е дека морковот содржи бета каротен, супстанца која генерално е добра за здравјето на очите но дали навистина ќе гледаме подобро?
Гласините за тоа како морковот може да предизвика потполно подобрување на видот настанал во Втората Светска Војна во Британија. Имено, Британците имале таен радарски систем кој им донел доста успех во соборувањето на непријателските авиони, па за да не ја откријат тајната на својот успех смислиле приказна дека им даваат на војниците да јадат многу моркови и поради тоа тие подобро ги гледале непријателските авиони. 
Хемичарот, Чед Џонс, од научна гледна точка го објаснува процесот како морковот, односно бета каротенот влијае на видот.
„Кога јадете храна која содржи бета каротен, вашето тело го претвара во витамин А, кој потоа се трансформира во ретинол, супстанца која е важна за функционирање на клетките на окото.
Ретинолот во клетките се наоѓа замотан во протеин, а кога е осветлен тој го менува обликот на тој протеински ланец и предизвикува ланчана реакција која на крајот го известува мозокот дека повеќе не е мрачно- кажува Џонс во приложеното видео.
Погледнете го…Доколку јадеме многу морков ќе гледаме подобро? Дали тоа е мит или вистина? Вистина е дека морковот содржи бета каротен, супстанца

Пронајдете не на следниве мрежи: