Конечно победен хепатит Ц

Конечно надеж за болните од хепатит Ц, но и за оние со цироза на црниот дроб во поодмината фаза. 
Наместо години и години примање интерферонски инјекции и мачна терапија, проследена со мачнини, постојан замор и депресија, денес може да се излечат со коктел-терапија од неколку лекови за неколку месеци.
Станува збор за пилули од антивиротик чија доза би се одредувала спрема телесната тежина на пациентот. Се состојат од агенс 450/ритонавир, омбитасвир, дасабувир и рибавирин.

 
Американски научници ја испитувале оваа терапија на пациенти во САД, Германија, Шпанија и Норвешка. По 12 недели терапија, од 208 пациенти, кај 191 вирусот сосме се повлекол.Во друго истражување пак од 172 пациенти, дури 165 биле излечени.
Новата комбинација од лекови директно го напаѓа протеинот од кој е изграден вирусот на хепатит Ц и го спречува да се шири. Цирозата престанува да се шири и црниот дроб може да се обнови.
Се очекува овој лек да се прошири низ светот и да се воведе во терапијата на сите пациенти кои патат од хепатит Ц и цироза на црниот дроб.
  
Наместо години и години примање интерферонски инјекции и мачна терапија, проследена со мачнини, постојан замор и деп

Пронајдете не на следниве мрежи: