Конечно предистражните и истражните постапки се тајни

Пред повеќе месеци, опозиционите медиуми поткрепени со нивните експерти не нападнаа сите кои јавно проговоривме дека  со дадените изјави СЈО ја нарушува пресумцијата на невиност, а во нивното медиумско извесување со манипулаци го навредуваа нашиот интегритет, меѓу другите и мојот интегритет. А тоа го манипулираа само затоа што не им се допадала една моја изјава, која ја дадов добронамеро за СЈО, дека на прес конференции или на било кој начин е спротивно на уставот и законите да се повредува пресумцијата  на невиност.Изјавата како тогашен претседател на СС беше дадена на многубројните новинарски прашања по повод на нивната прва прес конференција на која настапија со спекталуристички изјави и даваеќи опис на наводните дела како и детали поврзани со лицата и со постапките и притоа посочуваеќи ги и функциите на лицата, па со тоа постапија  противуставно и противзаконито.
А воедно изведуваеќи го тоа  на театрален и митингашки начин со кое очигледна беше намерата  за водење на пропаганда за некој центар, па затоа и апелирав до СЈО (како странка во постапката) секогаш и по секој повод да се придржуваат на пресумцијата на невиност.
Во оваа прилика  истакнувам и се надевам дека сето тоа е добронамерно и сватено, па затоа со задоволство ја прочитав една од нивните последни писмени изјави, во која конечно се потенцираше дека „предистражните и истражните постапки кои ги води ова обвинителство се тајни и поради тоа нема да бидат откривани детали поврзани со лицата и со постапките“.
А на сето тоа сега останува  уште истото и тоа строго легалистички без никаква селективност и во пракса да се сроведува законот.
Во таа смисла сега со право се надевам во рамките на нивната засилена активност која ја најавуваат за  во наредниот период, а се со цел да не ја девалвираат сопственатата институција  со наредните активности да не се стартува како да е изборна кампања на некој центар и со тоа да не се прави преседан каков што никаде во светот нема таква воспставена пракса. Затоа што обвинителството не смее својата работа од надлежноста, да ја организира според случувањата во политиката и пристрасност во однесувањето, односно да не бидат искористени како алатка или инструмент за политички маркетинг.
Во врска со зачестените изјави да се најде начин, Собранието да им го продолжи рокот на СЈО за завршување на истражните постапки и покренување на обвиненија затоа што предвидените 18 месеци за завршување на истите не се доволни, како излезно решение најцелисходно е двете избрани специјални обвинителки  кои уште на почеток на работата во СЈО без спроведена постапка и без да се донесе решение се отстранети од работните места затоа што сегашниот број на специјални обвинители (кој според нивната тогашна проценка и бил доволен), е сега во колку е тоа најнеопходно за завршување на постапките и покренување обвиненија во предвидениот рок, потребно истите и на ист начин  да бидат вратени во СЈ О.
Бранко Ушковски,
Поранешен претседател на Судски совет
Објавено во Колумна за РепубликаИзјавата како тогашен претседател на СС беше дадена на многубројните новинарски прашања по повод на нивната прва прес конференција на кој

Пронајдете не на следниве мрежи: