КОНЕЧНО ПРОНАЈДЕНА: Најблиската планета слична на Земјата!

Ѕвездата наречена Проксима Б има до сега најголеми шанси да има слични услови за живот како и Земјата.Тимот астрономи презентираше огромно откритие со изјавата дека е пронајдена планета слична на Земјата што орбитира околу ѕвездата најблску до нашиот сончев систем.
Наречена „Проксима Б“, карпестата планета е речиси 4.2 светлосни години оддалечена од Земјата, и е најблиска пронајдена планета што орбитира околу ѕвезда надвор од нашиот сончев систем.
Иако ова само по себе е огромо откритие, сепак, најважната информација е што  Проксима Б се наоѓа на растојание според кое може да се претпостави постоење на вода, па дури и живот.
На оддалеченост од само 4.2 светлосни години, изгледите дека ќе патуваме низ вселената може да ни се на дофат од генерација или две, во зависност од напредувањето на технологијата.
Објавата од минатиот вторник ќе биде поттик на бројни истражувања во слични сончеви системи како Алфа и Проксима Кентаури.
А, како што НЛО ентузијастите можеби и ќе се сетат, Алфа Кентаури и нејзината ѕвезда-сестра уште одамна според теоретичарите на заговор се дом на вонземски суштества што наводно ја посетуваат Земјата. Па така, иако со неодамнешната најава ова сценарио не е потврдено, отворени се можностите за доближување кон вонземјаните.
…Или можеби само сме си го нашле местото каде што луѓето ќе живеат откако ќе завршиме со моменталната планета.
Тимот астрономи презентираше огромно откритие со изјавата дека е пронајдена планета слична на Земјата што орбитира околу ѕвездата најблску до нашио

Пронајдете не на следниве мрежи: