КОНЕЧНО СЕ ПРОНАЈДЕНИ: Младите љубовници во понеделник ќе се вратат дома!

Момчило Петковиќ (17) и Анѓела Стојнев (13), се пронајдени во бегалски камп во Софија, Бугарија и во понеделник ќе бидат вратени во Србија.Полицијата соопшти дека идентитетот на малолетниците е потврден, така што повеќе нема сомневања дека тие се децата од Ниш по кои се трагаше со денови. Во процедурата е вклучен и Интерпол, а неофицијално, проблем може да биде тоа што малолетниците илегално  ја поминале српско-бугарската граница, известува „Србија данас“.
Малолетниците ја кренаа Србија на нозе, откако на 25 септември беше пријавено нивното исчезнување, а радосната вест за пронаоѓањето следувала на 2 октомври, откако Момчило му се јавил телефонски на својот татко и му рекол да дојде по него во Бугарија, кадешто се пријавиле како бегалци од Иран со намера да стасаат до западна Европа.
Таткото на момчето во петокот веднаш отишол во бегалскиот камп за да го потврди индентитетот на синот. Поддршка имал од Министерството за надворешни работи и амбасадата на Србија во Бугарија, но веќе било доцна во вечерните часови да се започе со процедурата за враќање, па таа е одложена за понеделник.

„Малолетницитесо автостоп дошле до Књажевац од каде им се изгуби секој траг. Се претпоставува дека од тој град преминаа илегално во Бугарија и се пријавија како бегалци од Иран. Дале лажни ирански имиња со намера да добијат бегалски статус, но на нивната „авантура“ ѝ дојде крајот кога бугарските власти изразија намера да ги депортираат во Иран. За среќа, Момчило одлучи да му се јави на татко му и откри каде се наоѓаат“ – рекол извор за „Србија данас“.
По враќањето на децата во Србија ќе се утврди дали имале помошници при преминувањето на српско-бугарската граница.
Отишле во училиште и исчезнале
Момчило и Анѓела исчезнале минатиот петок наутро, кога тргнале во училиште, но не се појавиле таму. Родителите на двете деца веднаш по откривањето на нивното бегство се посомневале дека заедно побегнале.
Тие двајца биле во љубовна врска, на која се протевиле родителите на Анѓела, сметајќи дека таа е премногу млада за врска. Исчезнувањето веднаш било пријавено во полиција.Полицијата соопшти дека идентитетот на малолетниците е потврден, така што повеќе нема сомневања дека тие се децата од Ниш по кои се трагаше со дено

Пронајдете не на следниве мрежи: