„Не знам зошто службените родители се нестрпливи. За некој ден ќе бидат готови ДНК наодите и сите ќе знаеме на што сме“, вели Драгица Плауц, која се сомнева дека момчињата кои што дошле од Австрија се нејзините синови за кои мислела дека се мртви.Членовите на семејството со кое тие досега имаат живеено, не престануваат да вртат на телефон. Дури и се закануваат дека ќе ја затворат Драгица, не наведувајќи поради што.
„Ги прашуваат колку пари добија од Горан и од мене. Кои болни умови, наместо да ни се јават и да се сретнеме“, вели Драгица.
Еден од близнаците добил СМС од својот татко и го прашал што се случува. Го прашал зошто Драгица ги бара и дали тој некако е вмешан во сето тоа.
На 5 август 1993 година, Драгица во Тузла родила две момчиња. Во болницата ѝ рекле дека починале само неколку часа по раѓањето, но нивните тела никогаш не ѝ ги покажале. Од тој момент, па до денес, трае агонијата на Драгица и Горан Плауц кои со нивните три ќерки живеат во Дизелдорф (види ЛИНК).
„Контактирав најмалку дваесеттина видовити луѓе. Една од нив пред месец дена ми рече дека сум на добар пат и дека моите момчиња се живи и дека живеат во странство. Дали момчињата кои што ми се појавија на врата се моите синови? Останаа уште само неколку дена за да го утврдиме тоа“, рекла Драгица.
Случајот што се пренесе во австриските медиуми за обидот за самоубиство на една жена (Види ЛИНК), ги натерале да се посомневаат дека нивните деца се живи.
Останува да видиме што ќе се случи понатаму…Членовите на семејството со кое тие досега имаат живеено, не престануваат да вртат на телефон. Дури и се закануваат дека ќе ја затворат Драгица, не



