Конечно знаеме дали обрежувањето им го прави сексот полош на мажите

Нова студија открила дека обрежувањето не влијае на тоа пенисот да биде помалку чувствителен и така докажала дека кожичката на пенисот не езначајна за сексуално задоволство како што се претпоставувало претходно.Истражувањето кое е објавено во Журнал за урологија, опфатило 62 мажи помеѓу 18 и 37 годишна возраст,од кои 30 се обрежани а останатите не.
Научниците на нив ја тестирале чувствителноста на пенисите, вклучувајќи го чулото за допир, топлина и прагот на болка на различни места на половиот орган. Не откриле значителна разлика помеѓу овие групи на мажи.
Авторката на истражувањето Џенифер Босио од Универзитетот во Онтарио рекла дека таа и нејзиниот тим дирекно тестирале дали обрежувањето е поврзано со намалена чувствителност на пенисот и откриле дека тоа нема никаква врска со тоа како и дека вишокот на кожа не е најчуствителниот дел од пенисот.
Претходни истражувања покажале дека обрежувањето ги штити мжите од бројни сексуално преносливи инфекции.Истражувањето кое е објавено во Журнал за урологија, опфатило 62 мажи помеѓу 18 и 37 годишна возраст,од кои 30 се обрежани а останатите не.

Пронајдете не на следниве мрежи: