Би сакал уште еднаш да ве информирам дека челниците од СДСМ од Аеродром продолжуваат да пласираат лаги и невистини во јавноста во врска со донесувањето на деталните урбанистички планови и наводното уништување на зеленилото во Општина Аеродром, се вели во реакцијата од градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски.Лажните пресови на опозицијата, со кои очигледно се надева дека повеќепати повторената лага ќе стане вистина, не можат да го оспорат фактот што во последните неколку години изградивме преку 10 нови паркови и само во последните неколку месеци насадивме над 50.000 нови дрвца во Општина Аеродром.
Откако не им успеа трикот да ја излажат јавноста дека Општина Аеродром го уништува зеленилото, сега со нови ноторни лаги ме обвинуваат за незаконски активности, со единствена цел да ги дискредитираат мојот личен и угледот на Општина Аеродром.
Ја повикувам јавноста да не подлегнува на овие манипулации и лажни вести, бидејќи постапките за донесување детални урбанистички планови се водат целосно во согласност со законот и во транспарентни процедури.
Впрочем, тоа може да се види и од досегашните редовни ревизорски извештаи, кои немаат најдено ниту една дамка врз начинот на донесување на ДУП-овите, а одговорно тврдам дека и во идните ревизорски контроли, со кои тие ми се закануваат, ќе се покаже дека залудно го вперуваат прстот кон мојата и кон работата на општинската администрација.
На крајот би сакал да ги повикам советниците од редовите на СДСМ, деструктивната политика што ја водат со недели наназад, да ја претворат во дијалог и соработка за доброто на граѓаните.
Интегрален текст од реакцијата на Ивица КоневскиЛажните пресови на опозицијата, со кои очигледно се надева дека повеќепати повторената лага ќе стане вистина, не можат да го оспорат фактот што во