По прозивките од опозицијата, градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски преку социјалните мрежи упати повик до опозицијата во кој ја повикува на ТВ дебата.-Повик до опозицијата! Со оглед на непрекинатото ширење невистини во јавноста за наводното уништување на зеленилото во Општина Аеродром, Ве поканувам на јавна дебата на телевизија што Вие ќе ја одберете најтранспарентно да ги спротивставиме аргументите за граѓаните сами да можат да ја согледаат јасно вистината за мојата и работата на Општината Аеродром и на тој начин да ставиме крај на грубите дезинформации и манипулации што секојдневно ги ширите во јавноста за свои очигледни политички цели.Ивица Коневски, пишува градоначалникот на Аеродром.
Пред неколку дена Коневски во изјава за ТВ 24 истакна дена опозицијата се обидува преку дезинформации да ја манипулира јавноста во врска со ДУП-от.
-Планот е донесен во една најтранспарентна постапка и трае повеќе од една година презентацијата. За локацијата за која тие тврдат дека е јавна површина и дека ќе се уништува парк, сакам да ги информирам граѓаните уште еднаш дека не се работи за јавна површина, туку за приватно земјиште кое е во градежна зона покрај булевар, кај Мајчин дом. Парадоксот да е поголем, тој дел, кој порано бил јавно земјиште, станато е приватно во време на СДСМ, вели Коневски за ТВ 24.
Видео:погледни тука-Повик до опозицијата! Со оглед на непрекинатото ширење невистини во јавноста за наводното уништување на зеленилото во Општина Аеродром, Ве по