Конфискувана марихуана вредна 15 милиони евра

Марихуаната е откриена на рибарски брод, што пловел под знаме на странска држава. Бродот тргнал од Сирија кон едно европско пристаниште, но бил пресретнат во блзина на островот Крит.Грчката крајбрежна стража денеска соопшти дека по тридневната операција уапсен е капетанот на бродот и четворица членови на екипажот, откако биле откриени и запленети околу 1,3 тони обработен канабис.
Марихуаната е откриена на рибарски брод, што пловел под знаме на странска држава. Бродот тргнал од Сирија кон едно европско пристаниште, но бил пресретнат во блзина на островот Крит.
Во операцијата учествувале четири патролни бродови на грчката крајбрежна стража и два авиони, од кои едниот на европската погранична агенција ФРОНТЕКС. Авионот на ФРОНТЕКС го забележал сомнителниот брод на околу 60 наутички милји југоисточно од Крит.
Француската царина претходно ги известиле грчките власти дека сомнителен брод плови кон југоисточниот дел на Крит.
Бродот се обидел да побегне, но неуспешно, а потоа во пристаништето Ларапетра бил извршен претрес при што е откриен канабисот вреден околу 15 милиони евра.
Грчките медиуми вчера јавија дека грчката крајбрежна стража јужно од Крит пресретнала странски брод, кој превезувал два тони марихуана. Беше наведено дека бродот испловил од Кипар, а крајна дестинација била Шпанија.Грчката крајбрежна стража денеска соопшти дека по тридневната операција уапсен е капетанот на бродот и четворица членови на екипажот, откако б

Пронајдете не на следниве мрежи: