Конгресмени во Скопје ќе проверуваат како работеле УСАИД, а Соросовите медиуми во кампања за креирање магла

Соочени со обвинувања од страна на американски конгресмени, угледни аналитички организации и истражувачката мрежа Џудишал Воч, за своите злоупотреби во трошењето на државните средства во Македонија, дипломатите од американската амбасада во Скопје и од Стејт Департментот одлучија да бараат помош од медиумите кои се поврзани или финансирани од мрежата на Сорос.Истите тие медиуми кои се платени за објавување нарачани политички текстови со цел вршење притисок врз политичари и влади, во изминатиот период беа активирани да објават серија текстови во поголем број списанија упатени на сметка на групата конгресмени и сенатори кои побараа истрага во американската амбасада во Скопје и смена на амбасадорот Џес Бејли.
 Пред неколку дена, од САД стигна нова информација според која во „итна мисија“ на Балканот заминале на 15 конгресмени предводени од републиканецот Боб Гудлат со задача да ја ревидираат работата на американските амбасадори кои се уште ја спроведуваат политиката на Обама. Објаснувајќи ги причините за мисијата на конгресмените, медиумите во САД пишуваат дека „Балканот е регион со растечки тензии, каде се уште во сила е пропаднатата политика на Обама и Сорос и каде што се фаворизираат некои кругови на штета на граѓаните, локалните институции и регионалната стабилност“. Како и во сите претходни случаи кога беа објавувани информации за истраги и злоупотреби од страна на американските дипломати во Скопје, Република дознава дека и овој пат се очекува преку соросови медуми да биде дефокусирана јавноста со нарачани текстови.
Нарачани текстови или текстови на кои соработуваат новинари кои добиваат пари од мрежата на Сорос или од дипломатски извори претходно беа објавени во повеќе странски медиуми, меѓу кои и во Њујорк Тајмс. Политичкиот портал Политико објави текст во кој позитивно ги цитира амбасадорот Бејли и директорот на УСАИД Македонија Џејмс Стајн, а ги критикува сенаторите кои се “дрзнале” да побараат истрага за нив. За авторот на овој текст во Политико, Кен Вогел, набргу се покажа дека порано работел за фондацијата на Сорос.
Форин Полиси објави нарачан текст од Горан Булдиоски, директор во фондацијата на Сорос. Максим Такер, поранешен новинар Тајмс и Политико, кој сега работи во фондацијата на Сорос и ја посети Македонија пред неколку месеци, објави веројатно платен текст во Њузвик.
Во кампањата со нарачани текстови се вклучува и истражувачката новинарска мрежа ОЦЦРП, која е директно финансирана од страна на Фондацијата Отворено Општество и УСАИД.  Седиштето на ОЦЦРП е во Сараево, а има мрежа низ целиот Балкан.
Со години наназад, оваа организација известува крајно пристрасно и еднострано од Македонија, објавувајќи наводни корупциски скандали од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а  игнорирајќи ги бројните скандали на Заев и на СДСМ. Ако видиме кои се соработниците на ОЦЦРП во Македонија начинот на известување не е никакво изненадување. ОЦЦРП води портал наречен Скуп, во кој соработува Зоран Иванов, скандалозниот поранешен портпарол на претседателот Бранко Црвенковски, најдобро познат по неговата вмешаност во аферата Надеж и милионскиот грабеж на државни пари извршен преку неа. Иванов сега работи про-сдсмовската телевизија 24. Оваа новинарска мрежа исто така соработува и со порталот Нова ТВ на Борјан Јовановски.Новинари на ОЦЦРП се обидувале да заплашат и изманипулираат дел од поддржувачите на кампањата да се истражат злоупотребите на американската амбасада во Македонија. Се работи за двојна злоупотреба – ако се има предвид дека ОЦЦРП е делумно финансиран од УСАИД, тоа практично претставува  ситуација во која американски дипломати користат медиуми што се под нивна контрола за да спречат известување за финансиските и политичките злоупотреби кои ги вршеле во Македонија.
Според сознанијата на Република најновиот проект за нарачани манипулативни текстови е доверен токму на ОЦЦРП. Проектот не е одобрен на скопскиот огранок, туку се координира преку Сараево, каде што нарачателите сметале дека имаат повеќе капацитети. Целта на овие нарачани текстови е да се направи целосен дефокус од делувањето на Сорос во Македонија и неговата симбиоза со УСАИД, односно да се прикрие реалноста, а преку наменски текстови да се отворат други теми.
Нас не интересираше колку пари се доделени за овој проект, кој се е ангажиран, колкумина се ангажирани и слично, но до овој момент не успеавме да воспоставиме контакт со директорот Обери Белфорд кој е прв човек на мрежата во Сараево.
Американските дипломати сфаќаат дека со буџетот предложен од страна на претседателот Доналд Трамп драматично ќе се скратат финансиските средства за овој вид на злоупотреби, делење пари на новинари и невладини организации кои се блиски до нивната лева политичка опција и финансирање на проектите на Џорџ Сорос. Тие знаат дека со секоја нова вест во Вашингтон за досега извршените злоупотреби се засилуваат повиците да се стави крај на оваа корумпирана пракса, и затоа користат новинарски проекти, кои наводно треба да се борат против корупцијата, за да ги замолчат тие што ги критикуваат и кои поставуваат прашањата за нивната работа.
Ваквата пракса за објавување нарачани текстови за притисок врз политичари и влади се очекува да продолжи и во иднина имајќи предвид дека истрагите против амбасадорот Џес Бејли и УСАИД во Македонија ќе добиваат на интензитет.
 Истите тие медиуми кои се платени за објавување нарачани политички текстови со цел вршење притисок врз политичари и влади, во изминатиот период беа

Пронајдете не на следниве мрежи: