Конклавите (советот на кардиналите кој се состанува за избор на папа) на коишто кардиналите ќе одлучуваа за наследникот на папата Бенедик Шеснаесетти, треба да започнат „најдоцна до 15-ти март“, објави во Ватикан портпаролот на Светата столица, отец Федерико Ломбарди.Конклавите мора да започнат меѓу 15 и 29 дена откако актуелниот Папа престане да ја извршува должноста на 28-ми февруари, пренесуваат светските агенции.„Конклавите не може да започнат пред 15-ти ноември, а ние можеме да нагаѓаме дали ќе почнат, на 15,16,17,18 или 19-ти март“, изјавил Ломбарди на прес-конференција по првото појавување на папата Бенедикт Шеснаесетти во јавноста откако го најави своето повлекување од должноста, говорејќи за правилата а Апостолската конституција која предвидува конклавите да мора да се свикаат најрано 15 а најдоцна 20 дена по смртта или своеволното заминување на Папата.„Одлуката за датумот на свикување на конклавата е во надлежност на кардиналите кои ќе се соберат во конгрегациите (мисии за ширење на верата)“, во Ватикан веќе следниот ден по заминувањето на Папата, рекол Ломбарди.Во Кардиналскиот совет во моментов 209 кардинали во 69 земји, но право на глас имаат само оние помладите од 80 години, а такви според официјалната интернет страница на светата столица ги има 118.Вообичаено деканот на Кардиналскиот совет е одговорен за свикување на конклавата. Меѓутоа, имајќи предвид дека сегашниот декан, италијанскиот кардинал Анџело Содано со 85 години е престар за гласање, таа должност ќе ја преземе кардиналот Џовани Батиста Ре.Од актуелните кардинали кои можат да гласаат, 68 ги именуваше папата Бенедикт Шеснаесетти, а другите 50 неговиот претходни папата Јован Павле Втори. Од Европа се 62 кардинала, а меѓу нив се 28 Италијанци, а Хрватска ги има двата кардинала Јосип Бозанчиќ и Винко Пуљиќ, Јужна Америка е застапена со 19 кардинали, од Северна Америка има 14, азиски и африкански кардинали има по 11, а еден кардинал доаѓа од Океанија.Во времето на седисваканцијата (празна столица од латински sede vacante, со кој во канонското право на Римокатоличката црква се изразува времето додека е испразнета папската и бискупска должност) со Црквата управува Кардиналскиот совет, но со ограничени овластувања. На чело на овој совет е кардиналот камерленго, што претставува должност којашто во овој мандат ја извршува државниот секретар Таркисио Бертоне. Кардиналот камерленго е задолжен за надгледување на целиот процес на изборот на новиот Папа.Гласањето се одвива во Сикстинската капела, двапати наутро и двапати попладне. Ливчињата се спалуваат по секое гласање, а новиот Папа може да стане само оној кандидат кој ќе добие две третини од гласовите на кардиналите кои гласаат.
МакфаксКонклавите (советот на кардиналите кој се состанува за и