СДСМ некои проекти во својата изборна програма, буквално, ги има ископирано од владејачката партија, како што е ослободувањето од плаќање социjални придонеси за сите работодавци што ќе обезбедат прво вработување на млади лица до 29-годишна возраст во период од една година; како и субвенционирање на вработувањето невработени млади лица на возраст до 29 години, со месечна финансиска поддршка за период од 6 месециДури 384 страници со најавени 2.046 проекти, со конкретни рокови за нивно исполнување, тоа е изборната програма за предвремените парламентарни избори на владејачката ВМРО-ДПМНЕ наспроти 100 страници без конкретни проекти, без рокови за нивно исполнување во програмата на СДСМ.
Разликата и остварливоста меѓу економската политика и проекти на позицијата и опозицијата е повеќе од очигледна. Додека ВМРО-ДПМНЕ ги има опфатено сите категории граѓани и инвестиции од сите сектори, од патишта, железнички и пловен сообраќај, авиосообраќај, градење, урбанизам, енергија, СДСМ анемично се осврнува само на некои сектори во кои ќе инвестира, но без детали како и кога ќе го направи тоа.
Некои проекти, со кои најголемата опозициска партија се обидува да им се додвори на гласачите, се копија на проекти што владејачката гарнитура веќе на големо ги спроведува, како што се проектот за бенефиции за вработување лица до 29 години, бесплатното возење за пензионерите и заштитата на правата на работниците. Еве некои од најзначајните економски проекти што ги има во изборните програми на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.Дури 384 страници со најавени 2.046 проекти, со конкретни рокови за нивно исп