Конкурсот „Отпад за уметност“ докажа дека креативноста нема граници

„Мотор” од делови од пластични шишиња, лименки од кафе и картон од авторот Дарко Базерко, како  и „ голум” од гимназијата „Никола Карев“ од Скопје, добитници на главните наградиИзбрани се победниците на наградниот конкурс „Отпад за уметност“, во организација на компанијата Пакомак. Конкурсот оваа година беше отворен за две категории: поединци и училишта, а учествуваа околу 200 интересни и уникатни уметнички дела. Жиро комисијата имаше навистина тешка задача да ги одбере најкреативните 6 дела, поради големата конкуренција и големиот број на пристигнати дела. Оваа година конкурсот беше поддржан од ПроКредит Банка.
На изложбата можеа да се видат најразлични животни, макети, дела со интересни новогодишни мотиви како Дедо Мраз и новогодишна елка, како и други креативни предмети изработени од амбалажен отпад.
„Особено ни е драго тоа што оваа година имавме голем одзив на наградниот конкурс. Пристигнатите уметнички дела покажаа дека се разбудила креативноста кај луѓето и дека најважната работа во креирањето е идејата и желбата, а не материјалот” – изјави Филип Ивановски, извршниот директор на Пакомак.
Уметничката креација од отпад на која жирито и ја додели првата награда од 50.000 денари во категоријата поединци, беше „мотор” изработен од делови од пластични шишиња,  капачиња, лименки за кафе, картон… Моторот е изработен од авторот Дарко Базерко.

Првонаградените во категоријата училишта, кои исто така се закитија со вредна парична награда од 50 000 денари, се учениците од гимназијата „Никола Карев“ во Скопје. Тие креираа интересен „голум”, изработен од хартија, пластика, лименки и друго.
Во посебната категорија за најубава штедна касичка, специјална награда од ПроКредит Банка  освои делото „еж” изработено од Софи Прокиќ.
Конкурсот „Отпад за уметност“ се организираше по трет пат од страна на Пакомак, и полека прераснува во традиција. Создадените несекојдневни уметнички дела се доказ за тоа дека фантазијата на граѓаните е бесконечна, а овие творби и даваат и една поинаква димензија на употребената амбалажа во секојдневниот живот.
Сите оние што ќе сакаат да ја видаат оваа уметност ќе може во следните 15 дена да го посетат Веро Центар (Џамбо), а понатаму во останатите центри низ Скопје, за што ќе добијат информации на Facebook профилот и веб сајтот на Пакомак.Избрани се победниците на наградниот конкурс „Отпад за уметност“, во организација на компанијата Пакомак. Конкурсот оваа година беше от

Пронајдете не на следниве мрежи: