Тренерот на Јувентус, Антонио Конте, беше на трибините на „Сан Сиро“, му оддаде признание на Милан за херојската победа.
Конте не криеше дека со сите свои сили навивал за Милан.
„Јас сум Италијанец, секогаш навивам за нашите клубови во Европа. Видовме еден голем натпревар и одличен Милан. Не е ова слабост на Барселона, ова е сила на победникот“ коментираше тренерот на Јувентус кој на некој начин е во четвртфиналето откако на гостински терен со 0-3 го совлада шкотски Селтик.
„Алегри одлично ја постави играта, тргна со одлична идеја, да со тимска игра го сопрете Лионел Меси“ вели Конте.
Тренерот на Јувентус и пред дуелот тврдеше дека Милан има силен тим.
„Мислам дека сега на сите им е јасно дека неоправдано ги потценуваа, имаат неколку технички надмоќни фудбалери“ заклучи Антонио Конте.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Тренерот на Јувентус, Антонио Конте, беше на трибините на „Сан Сиро“, му оддаде признание на Милан за херо