Конте: Јас сум виновен за голот

Антонио Конте ја презема вината за погодокот кој Јувентус го прими на „Енио Тардини“ а кој му донесе на тимот на Парма голем бод во дуелот со актуелниот шампион на Италија.
Лидерот на табелата во Италијанската Серија „А“ направи кикс во 20-тото коло, овој пат на гостувањето кај Парма.
Јуве водеше се до 76-тата минута кога Мирко Вучинич погреши и отвори простор за контра на Парма која во гол ја претвори Сансоне.
Иако црногорскиот интернационалец со својата грешка му овозможи на противникот прилика да се врати во мечот, Антонио Конте ја презеде вината на себе бидејќи тој барал од Вучинич да постапи на таков начин со кој доведе до израмнување на мечот.
„Израмнувачкиот погодок е моја вина бидејќи јас барав Вучинич да постапи така како што постави. Заслуживме победа кога ќе се земе сето тоа што сме го направиле против тврда екипа како што е Парма“ изјави Конте.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Антонио Конте ја презема вината за погодокот кој Јувентус го прими на „Енио Тардини“ а кој му донесе на ти

Пронајдете не на следниве мрежи: