Во среда, задутре, фудбалската репрезентација на Македонија во Копар во Словенија игра пријателски натпревар против домаќините. Пред 23 години, на 13-ти октомври 1993-та во Крањ, младата Република Македонија го играше првиот меѓународен натпревар во својата историја против оваа иста Словенија. Тогаш, на функцијата Претседател на сојузот 7-8 месеци беше кратовчанецот Љубисав Иванов кој во февруари истата година во трката за првата фотеља во ФФМ ги победи Трајан Бендевски, Филип Ѓурчиновски, Мирослав Георгиевски и Ванчо Георгиевски. Значи тројца скопјани и еден битолчанец.Иако Ѕинго стана прв човек на ФСМ откако во СФР Југославија беше познат како еден од двајцата со своја енклава, Фикрет Абдиќ во Велика Кладуша и Ѕинго во Кратово, сепак сојузот беше во перманентна беспарица и беда.
Првиот официјален натпревар немаше да има дректен пренос за граѓаните на Република Македонија (иако ВМРО и Љупчо Георгиевси ветија меѓу другото и фудбалска репрезентација) доколку не се појавија со 80.000 марки двајца ортаци бизнисмени македонци кои работеа во Виена во Австрија Јане Коложеговски и Трифун Костовски. Со тие пари беа платени ТВ правата, па пренос имаше. Трифун и Јане подоцна се раскараа. Јане го отвори кафиќот Еспресо карши Градежен, подоцна замина за Нови Зеланд и зема нивно државјанство, а за Трифун си знаете.
Македонија тепа со 4:1 со головите на Чоко, Даре, Четка и Цапар.
Единствен со континуитет, да повторам Е-Д-И-Н-С-Т-В-Е-Н, новинар и фудбалски работник кој бил тогаш, а ќе биде и сега во Копар е Миленко Неделковски. Нормално, доколку авионот утре не се сруши или на автобусот гумата не му се буши.Тоа се вика континуитет, сѐ друго е пролазно.
Да го искористам овој “фудбалски“ текст да кажам уште нешто.
Повеќе пати низ годините наназад, исто така и во последниве месеци, луѓе ме прашуваат што тоа го “третираш“ Дарко (Панчев). Јас имено, мислам дека најдобар фудбалер на Македонија на сите времиња е Горан Пандев. Според титули во Италија, Европа и Свет, според освоени купови во Италија (како најуспешен странец на сите времиња) и според број на голови што ги постигнал. Дарко во Италија постигнал три гола, а Пандев 77 комада. Исто така сметам дека, и покрај тоа што Дарко играл и во Германија, наш најуспешен фудбалер таму бил Саша Чирич. Според успеси, голови, настапи, чествувања од навивачи… Дарко во Германија постигнал 2 гола, а Саша 80 гола. За Сион и Швајцарија не би можел да спорам, но таму Дарко постигнал НУЛА голови. Компир.
Ах, да не заборавам. Пандев за репрезентацијата на Македонија постигнал 26 гола, а Панчев 1. Така кажува семоќната Википедија.
Нормално, сега има новинари кои се залепени на кафиќот или парите на Панчев. На големината на неговот име. Секако, големо фудбалско име е без дискусија. Но не и најголемо. Но тие новинари и негови сегашни поддржувачи се тамакари што се гребат кај “леѓендата“. И, ништо повеќе од тоа.
Вистината кажува дека Миленко Неделковски е единствен, да повторам Е-Д-И-Н-С-Т-В-Е-Н, новинар од (Социјалистичка) Република Македонија што има направено документарец-репортажа-интервју со Дарко Панчев кога беше фудбалер на Црвена Ѕвезда од Белград и на Интер(национале) од Милано. Првиот пат како новинар на РТС (денешна МТВ), а во Италија како новинар на А1 телевизија. Нека се јави втор, ако има, што го сликал Дарко кога играл за Ѕвезда и тренирал (ептен ретко играл) за Интер.
Видео материјаите не ги поседува ниту МТВ, ниту А1, ниту Интер, ниту Ѕвезда, ниту Дарко. Тие се само, значи ЕДИНСТВЕНО, во приватната видеодокументација на Миленко Неделковски. Историјата на Дарко и Мак фудбалот, таа отсечка, е кај мене дома.
Кога ќе има друг ваков новинар со ваков материјал, ќе може да продебатираме за дилемата Дарко или Горан.
Континуитетот е важен во политиката, науката, творештвото, уметноста, спортот… Континуитетот, исто така, е важен квалитет и во новинарството.
Кога нема континуитет, проекти, материјали од историска важност, самонарачените новинари се гфокусираат на квалитетите што ги имаат: оговарање, подметнувае, измислување, етикетрање, вреѓање.
Е, ама… Ама оваа насловна слика направена во историски момент од пред 23 години ја немаат.
Карма ис а бич.
Миленко НеделковскиИако Ѕинго стана прв човек на ФСМ откако во СФР Југославија беше познат како еден од двајцата со своја енклава, Фикрет Абдиќ во Велика Кладуша и Ѕи