Контроверзно видео: Добредојдовте во Исламска држава Германија

На Бранденбуршката порта се развиори знамето на Исламска држава, додека на врвот на катедралата во Келн се гледа полумесечина со ѕвезда.Ова се само некои од кадрите во филмот кој предизвика вистинска бура во медиумите во Германија.
Авторот на филмот не го заборавил ни „Октоберфест“. По неговата верзија, свинското месо и алкохолот на настанот ќе бидат забранети. Видеото го направила американската конзервативна организација „Secure America Now“.
Весникот „Стерн“ ја нарече оваа снимка „апсурдна“. Авторот на статијата смета дека помеѓу видеот и изборите во САД постои врска иако авторот го негира тоа. „Хафингтон пост“ исто така го поврза видеото со предизборната кампања во САД.
Според мислењето на авторот на текстот, снимателите на видеото се поврзани со Републиканската партија.
– Катедралата во Келн со полумесечина на врвот, „Октоберфест“ со табли на арапски и секако, без свинско месо и алкохол – така приврзаниците на Трамп ја претставуваат Германија во блиска иднина, се наведува во текстот.
Германскиот весник „Билд’ објави статија со наслов „Трамп користи чудно страшно видео за предизборната борба“. Главната порака во видеото е: „Храбрите џихадисти успејаа да ја освојат Германија и да го прошират калифатот. Внимателно, САД, вашата земја не смее да заврши вака!“Ова се само некои од кадрите во филмот кој предизвика вистинска бура во медиумите во Германија.
Авторот на филмот не го заборавил ни &bdquo

Пронајдете не на следниве мрежи: